Водачите на црквите во Ерусалим, предупредија на израелскиот план да ги конфискува црковните земјишта во окупираниот град, пишува „Anadolu Agency“, пренесува „Dubai-Portal“.
Во писмото до израелската министерка за животна средина, Тамар Зандберг, на 18 февруари, црковните водачи рекоа дека постои план за проширување на израелскиот парк на Маслиновата планина во источен Ерусалим и повикаа на запирање.
Писмото го потпишаа грчкиот православен патријарх на Ерусалим Теополис III, католичката црква на Светата земја, Франческо Патон и ерменскиот патријарх на Ерусалим, Нурхан Манугиан.
Црковните водачи рекоа дека Маслиновата Гора е едно од најсветите места во христијанството, каде христијанските свети места ги посетуваат милиони христијани ширум светот.
Копии од писмото биле испратени и до генералните конзули на Турција, Франција, Италија, Грција, Шпанија и Шведска во Ерусалим.
Минатата година, црковните водачи протестираа против обидот на групи израелски доселеници, да преземат контрола врз црковниот имот, во окупираниот Источен Ерусалим.









