Sunday, May 31, 2026
Home Свет Украина и Европската унија постигнаа начелен договор за формирање советодавна мисија

Украина и Европската унија постигнаа начелен договор за формирање советодавна мисија

128
0

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека Украина и Европската унија постигнале начелен договор за формирање советодавна мисија за воена обука во Украина.

„Постигнавме начелен договор со ЕУ за формирање советодавна мисија за воена обука во Украина. Ова не се борбени сили“, рече Кулеба по состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ.

Претходно денеска, шефот на украинската дипломатија ја повика ЕУ веднаш да примени барем дел од санкциите против Русија, со што и испрати јасна порака на Москва дека нема да се толерира понатамошна ескалација и дека Украина не е сама во оваа криза.


Nova