Вашингтон – Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц (Benny Gantz) ги информирал американските власти за распоредот потребен за Израел (Israel) да изврши напад врз Иран (Iran), за да ја оневозможи нуклеарната програма на земјата, пишува „Al-Jazeera“.
Извештаите покажуваат дека Ганц (Gnatz) издал директиви до израелската армија, да се подготви за напад врз Иран (Iran).
Набљудувачите во Тел Авив (Tel Aviv), потегот го толкуваат како зголемување на израелскиот притисок врз Соединетите Држави (United States), да го спречат враќањето на нуклеарниот договор со Иран (Iran).
Израел ги повика САД (USA) да ги заострат економските санкции кон Техеран (Teheran), за да го принудат да го запре својот нуклеарен проект.
Во тој контекст, „Al-Jazeera“ го интервјуираше поранешниот воен командант Дејвид Дес Рош (David Des Roches), кој моментално е вонреден професор на Центарот за безбедносни студии на Блискиот Исток (Middle East) и Јужна Азија *Southern Asia) на Националниот одбранбен универзитет на Пентагон (Pentagon), во врска со можноста за воена акција против Иран (Iran).
За време на неговата 30-годишна кариера во Министерството за одбрана, Де Рош (De Roches) служеше во Здружениот генералштаб и командата за специјални операции на САД, како и во специјалните операции и конвенционалните сили распоредени на Блискиот Исток (Middle East), Европа (Europe) и Авганистан (Afghanistan).
Де Рош (De Roches) има вршено неколку позиции во Канцеларијата на министерот за одбрана за политички прашања, вклучително и директор на Канцеларијата за Заливот и Арапскиот Полуостров, директор за комуникации меѓу Министерството за одбрана и Министерството за државна безбедност и директор на НАТО Операции.
Дали мислите дека израелската армија ги забрзува плановите за напад на Иран?
„Израел покажа голема способност да води доста смели операции внатре во Иран. Со оглед на тоа што не е страна во преговорите во Виена, што би можело значително да влијае на неговата национална безбедност, би било чудно Израел да не ги преиспита и ажурира своите планови за преземање понатамошни активности против иранската нуклеарна инфраструктура.“
Дали овој пат израелската закана за Иран е реална и сериозна? Вакви закани слушавме и во последните години…
„Заканите на Израел за напад на иранската нуклеарна инфраструктура се реални и многу сериозни. Израел успеа да ги убеди врвните ирански нуклеарни научници да извршат саботажа во најтајните подземни лаборатории во Иран. Успеа да украде повеќе од половина тон од иранските нуклеарни архиви и да убие генерал на Револуционерната гарда кој ја надгледуваше иранската нуклеарна програма. Несомнено е дека Израел ќе може да преземе храбри акции од ваков вид и во иднина.“
Но, вистинското прашање е: дали Израел е способен целосно да ја уништи иранската нуклеарна програма со еден напад? Оваа програма е децентрализирана и распространета низ целата земја. За него се уште има многу непознати. Иран стигна до точка каде што иранските нуклеарни капацитети се градат со знаење што го имаат Иран и иранските научници. Тоа значи дека по уништувањето на центрифугата или други постројки може да се заменат во краток временски период.
Така, според мојата проценка, Израел не е во состојба да ја уништи иранската нуклеарна програма.
Дали мислите дека Израел има доволно воени капацитети да го нападне Иран?
„Очигледно е дека може да го нападне Иран. Во текот на изминатата година, Израел го парализираше иранскиот систем, кој ја регулира дистрибуцијата на субвенциониран бензин, ја презеде контролата врз тамошните дигитални билборди и изврши напади и атентати во срцето на Иран. Доколку Израел почувствува потреба за тоа, постои можност да изврши конвенционален воен напад во Иран, иако тоа би било многу ограничено и со исклучително високи ризици.
Од друга страна, воените сили внатре во Иран, покажаа дека не се способни. Да потсетиме дека тие соборија украински цивилен авион кој го напушташе аеродромот во Техеран, мислејќи дека се работи за претстојна ракета. Недостатокот на контрола врз Револуционерната гарда, која всушност ја презеде контролата врз иранската држава, ја направи неефикасна во нејзината примарна мисија – одбрана на Иран. Ова е вообичаена појава во корумпираните армии и авторитарни држави, и двете се однесуваат на Иран.
Така, Израел веројатно ќе постигне ограничен успех во конвенционален напад, но веројатно нема да ја постигне севкупната стратешка цел, за уништување на иранската нуклеарна програма.“
Кои се предизвиците со кои ќе се соочи Израел, доколку одлучи да го нападне Иран?
„Главните предизвици со кои Израел би можел да се соочи при воен напад врз Иран, се однесуваат на тоа како да ги постигне своите цели. Израел најверојатно ќе нападне конвенционални авиони со екипаж, па затоа треба да го организира пристапот до Иран на незабележителен начин, дозволувајќи му на авионот да стигне до дестинацијата и да се врати.
Израел успешно се справи со првиот проблем во минатото, избегнувајќи откривање со радар. Тој би можел да користи надворешни резервоари за гориво, иако најверојатно ќе има потреба од воздушно полнење гориво доколку сака да го нападне Иран. Потребата за гориво ќе ја ограничи количината на оружје што може да се носи.
Друга можност е Израел да обезбеди база на другата страна на Иран, така што неговите авиони можат да го нападнат Иран, да летаат над него, да слетаат и да наполнат гориво, а потоа да се вратат во Израел на друг начин да ја избегнат иранската воздушна одбрана.“
Дали Израел ќе добие дополнителни воени капацитети од САД, како што се полнење гориво или напредни бомби за разбивање бункери?
„Во овој момент, тешко дека САД (USA) ќе му дадат на Израел (Israel) некоја специјализирана воена опрема за употреба во потенцијален напад. Вашингтон се обидува да избегне воена акција против Иран (Iran).“
Дали Израел ќе лета преку јордански и ирачки територии за да стигне до Иран?
„Израел (Israel) сигурно ќе помине низ јорданскиот или ирачкиот воздушен простор за да стигне до Иран (Iran). Можеби нема да бара дозвола да го стори тоа, плашејќи се од тајноста на операцијата. Можеби најдобриот начин Израел да стигне до иранскиот воздушен простор без да биде откриен е да го премине Медитеранот. Може да се маскира како авион на Револуционерната гарда на Иран, или како еден од летовите на авиокомпанијата „Махан Ер“ („Mahan Air“), која транспортира оружје до Хезболах (Hezbollah), додека се враќа во Иран. Тоа значи летање над територијата на Либан (Lebanon), Сирија и Ирак. Во сите овие земји Иран ужива непречена слобода на летот, без разлика на националниот суверенитет, но полнењето гориво во овој случај ќе биде проблем.“
Дали Иран има доволно капацитет да одговори на каков било израелски напад?
„Иран ќе возврати на секоја акција на Израел (Israel), со она што обично го прави: борба против Евреите до последниот Арап. Затоа, ќе ги насочи своите групи поврзани првенствено со либански Хезболах ( Lebanese Hezbollah) и неговите други посредници, како што е организацијата Хамас (Hamas), да извршат напади врз Израел со надеж дека ќе ја исцрпат израелската одбрана. Иран, исто така, ќе ги насочи своите сили во Ирак да ги нападнат американските и другите меѓународни трупи во земјата, додека нивните посредници во Јемен ќе ги интензивираат ракетните напади врз Саудиска Арабија (Saudi Arabia).
Иран ќе ги засили активностите за земање заложници на своја територија и би можел да продолжи да ги напаѓа трговските бродови во Оманскиот Залив (The Gulf of Oman) и Ормутскиот Теснец (The Strait of Hormuz). Покрај тоа, Револуционерната гарда ја докажа својата способност да напаѓа цивилни цели во трети земји, како што е случајот во Европа (Europe).“
Кои се главните последици од каква било израелска воена акција против Иран?
“Тешко е да се предвиди што Иран би можел да се обиде да направи во спротивставување на Израел (Israel) без веќе да го стори тоа. Стравот од одмазда ја попречува секоја иранска акција, а не воздржаноста. Иран во минатото покажа дека е релативно неефикасен во нападите врз Израел. Дури и иранските посредници, како либанскиот Хезболах ( Lebanese Hezbollah), одвреме-навреме ги отфрлаа иранските барања што може да доведат до огромни човечки загуби.
Она што Иран (Iran) обично го прави се напади врз еврејски цивилни цели во странство, како што е бомбардирањето на центарот на еврејската заедница во Буенос Аирес (Buenos Aires) во 1994 година.
„Dubai-Portal“









