Израелските сили уапсија пет палестински рибари на рибарски брод, во близина на јужниот брег на Газа, соопшти денеска армијата.
Во соопштението на нивниот Твитер профил, војската тврди дека чамецот „ја преминал дозволената рибарска зона јужно од Газа, нарушувајќи ја безбедноста“.
Израел им дозволува на Палестинците само во Газа да ловат риба на растојание од 15 наутички милји.
Во соопштението се наведува дека израелските поморски сили се приближиле до чамецот и презеле „разни мерки“, без да се прецизира, со цел да го предупредат бродот да се врати во лиценцираната зона, но било наведено дека рибарите не обрнале внимание.
Во меѓувреме, воен извор изјави за приватниот израелски „Канал 12“ дека петмина рибари биле однесени на сослушување.
Според палестинското Министерство за земјоделство, долж Појасот Газа има 1.300 рибарски бродови со кои управуваат околу 4.000 рибари.
Палестинските рибари често страдаат од повеќекратни израелски прекршувања, вклучително и обиди да потонат палестински чамци на море, да пукаат во нив и да го стеснуваат риболовниот простор на подолги периоди.
„MEMO“
„Dubai-Portal“









