Германија и Полска не можат сами да се справат со ситуацијата на границата, потребна им е помош од Европската унија, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во интервју за таблоидот „Bild“.

„Мораме да и помогнеме на полската влада да ја обезбеди надворешната граница. Тоа е всушност работа на Европската комисија. Сега ги повикувам да преземат мерки“, рече Зехофер, додавајќи дека Полска и Германија „не можат сами да се справат со ситуацијата“.

Според него, Полска досега правилно реагирала на овој инцидент.

Тој додаде дека е потребна „структурна безбедност на границите“.

Министерот повика на „јавна поддршка за Полјаците“, бидејќи Берлин не може да ја критикува Варшава „за заштита на надворешната граница на ЕУ со прифатливи средства“.

Претходно портпаролот на министерот-координатор на полските специјални служби Станислав Зарин ,на „Twitter“ напиша дека Белорусија подготвува голем трансфер на илегални мигранти во Полска и објави видео направено од белоруска страна на кое се гледа група од неколку стотици луѓе. со багаж кој се движи по патот. Меѓу нив има жени и деца.

Во понеделникот мигрантите на граница се обидоа насилно да преминат. Мигрантите се обиделе да ја совладаат бодликавата жица, а граничарите употребиле солзавец. Претставник на полската гранична стража изјавил дека белоруските безбедносни сили не испратиле колона од неколку илјади мигранти на преминот со Полска, туку на зелената граница.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“