Според големото истражување на Универзитетот Џорџтаун, ОАЕ имаат најголем процент на жени кои се чувствуваат безбедно во нивните заедници ширум светот. Една од најдобрите работи за живеење во ОАЕ е безбедноста што ја чувствуваат жителите, така што не е изненадување што ОАЕ се рангирани највисоко кога станува збор и за безбедноста на жените.

За оваа студија, жените ширум светот, на возраст над 15 години, коментираа дали се чувствуваат безбедно додека шетаат сами ноќе во градот или областа во која живеат. Дури 98,5 отсто од жените во Обединетите Арапски Емирати изјавиле дека се чувствуваат безбедно, што е највисок процент во светот. Инале, според студијата на Блумберг, ОАЕ неодамна се рангираше на третото место во светот во одговорот и управувањето со кризи предизвикани од пандемијата на корона вирусот.

ОАЕ е исто така рангирана како четврто најдобро место во светот за живеење и работа за емигранти.