Слична закана добил и министерот за одбрана во владата на Јанша, Матеј Тонин

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се закануваат со смрт.

Словенечката телевизија јави дека премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот. Фотографии од пратката објави и самиот Јанша на социјалните мрежи.

Словенечкиот премиер објави фотографии од пратките на социјалните мрежи

Слична закана добил и министерот за одбрана во владата на Јанша, Матеј Тонин.

Заканите ги истражува полицијата.

Словенечките медиуми наведуваат и дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на премиерот на Словенија.


360 stepeni