Турците како народ се познати по тоа што се однесуваат убаво кон животните, и затоа кога одите во Турција, она што можете да го забележите, освен природната убавина, е нивниот начин на однесување кон животните.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така сака животни, за што сведочат сликите што ги сподели на своите официјални профили на социјалните мрежи. Имено, додека турскиот претседател читал весник, му пришла мачката на неговата внука Ајбике. Мачката, по име Пит Пит Секер, седнала до претседателот, и како што може да се види на сликите, уживала.

– Мачката, мојата драга внука Ајбике, по име Пит Пит Шекер, многу е заинтересирана за актуелни теми, напишал турскиот претседател.