Старите занаети во Кичево исчезнуваат. Тешко дека може да најдете казанџија, ковач или кожар.
Во стариот дел на Кичево може да се најде само еден казанџија, тој е Коста Галимановски кој овој занает го наследил од неговиот татко и дедо и работел од многу рана возраст.
Сите овие изработки ги направил сам, како казани, казани за вино, тепсии, штитот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, за кој вели дека отишол до Круја за да види одблизу како изгледа, итн.
Tv „21“ го затекна овој занаетчија работејќи на традиционална тепсија во стар стил.
Тој продолжува со работа и и дава форма на тепсијата која се користи и ден денес од нашите мајки бидејќи е практична за традиционалната храна.
Тепсијата доби вистинската форма од мајсторот и е подготвена за употреба.
Тој вели дека секој ден се намалува интересот за нивната работа, па дури многу слаб е и интересот за младите занаетчии. И неговиот син ветил дека ќе го научи овој занает за да ја продолжи традицијата, но тој не е сигурен дали ќе го работи тоа како професија.
Затоа за да го направи интересен занаетот за младите, Коста подготвува изложба. Тој ќе подготви штитови кои се користеле во античко време за време на војните.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=AYUgDJBbHBU[/embedyt]
Tv „21“










