МАНИЛА (АА) – Во трговски центар на Филипините поранешен вработен во обезбедувањето како заложници зеде 30 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во трговскиот центар „В-мол“ во градот Сан Хуан се чуле истрели од оружје, по што зградата е опколена од страна на полицијата.
Се вели дека поранешен вработен во обезбедувањето во трговскиот центар како заложници зел околу 30 лица, од кои еден заложник е ранет.
Посетителите на трговскиот центар во паника истрчале надвор, по што во трговскиот центар влегле повеќе од десетина командоси. Пред објектот се наоѓаат полициски службеници и амбулантни возила.









