БЕРЛИН (АА) – Во подрачјето на Фолкмарзен во германската сојузна покраина Хесен, возило влета во толпа луѓе за време на карневал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени на германските медиуми, во случајот се повредени голем број лица, меѓу кои има и деца.
На местото на настанот биле упатени голем број полициски и противпожарни тимови.









