МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека се прават подготовки за нова серија разговори за прашањето за Идлиб помеѓу Турција и Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров на заедничката прес-конференција во Москва со министерот за надворешни работи на Таџикистан, Сираџидин Мухридин, се осврна на ситуацијата во Идлиб.
Министерот Лавров, посетувајќи дека во договорот потпишан меѓу рускиот и турскиот лидер се наведува дека никој нема да биде рамнодушен кон активностите на терористите, нагласи: „Турските војници кои се на терен гледаат сè и разбираат многу добро.“
Шефот на руската дипломатија рече дека турската и руската делегација претходно во Анкара и Москва одржале разговори за Идлиб.
„Во моментот се прават подготовки за нова серија разговори за прашањето за Идлиб. Се надеваме дека овие преговори ќе нè доведат до целта Идлиб да стане вистински деескалациона зона“, истакна Лавров.










