КАБУЛ (AA) – Во последните пет години во Авганистан најмалку 4 милиони жители беа приморани да ги напуштат своите домови, потврди министерот за раселени лица во оваа земја, Хусеин Алими Белхи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Белхи, на конференцијата за новинарите во Кабул, рече дека неговото министерство активно работи на решавањето на еден од најголемите проблеми во оваа земја.

Наведе дека граѓанската војна која трае во земјата е една од главните причини за овој проблем.

„Во последните пет години низ земјата најмалку 4 милиони жители, поради судирите и економските причини, беа приморани да ги напуштат домовите“, рече Белхи.

Додаде дека државата моментално е во можност да пружи помош за само 2 од вкупно 5 милиони раселени лица.

Белхи нагласи дека верува оти проблемот на раселените лица може да се реши само со воспоставување на мирот.

Според податоците на Министерството, повеќето од раселените во земјата живеат во кампови и околу главниот град Кабул, каде што безбедносната ситуација е значително подобра отколку во другите делови на земјата.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“