ГАЗА (АА) – Администрацијата на Египет, на границата со Појасот Газа која е под израелска блокада, гради ѕид долг 13,5 километри и висок 3 метри, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од очевидците, пред неколку недели е направен првиот чекор за изградба на ѕидот кој се протега од граничниот премин „Керм Ебу Салим“, кој е под израелска контрола и се наоѓа во источниот дел на подрачјето на Рафа, до морето.

Се вели дека е комплетиран делот од 2 километри на новиот ѕид кој се гради на неколку метри од ѕидот срушен во 2008 година од страна на Палестинците.

Се нагласува дека ѕидот е долг 13,5 километри и висок 3 метри.

Министерството за внатрешни работи во Газа и Хамас сѐ уште не излегоа се некое соопштение во врска со ова прашање.

Безбедносните сили при Хамас претходно ги зголемија мерките во граничните зони против организацијата „Енсар Бејт ел Макдис“ при ДЕАШ, која врши активности на Синајскиот Полуостров во Египет.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“