ТИРАНА (АА) – Во полициската операција против игрите на среќа во одредени градови во Албанија, приведени се над 100 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на Генералната полициска дирекција на Албанија, Арди Велиу, во изјава за медиумите нагласи дека во текот на полициската операција наречена „Судбината на игрите“, фатени се на дело и приведени 115 лица, додека 24 се пуштени на слобода, а се трага по 2 лица.

Велиу рече дека по истрагата која траела седум месеци за спречување и евидентирање на криминалната дејност во областа на игрите на среќа, полицијата на Албанија ја финализира големата операција во земјата.

„Со примена на специјални форми и методи на истрага, беше документирана криминална активност во Тирана, Драч, Елбасан, Фиер, Берат, Корча, Лежа и Скадар. Во Тирана и окрузите беа извршени 486 инспекции во простории за кои постои сомневање дека во нив се вршела оваа криминална дејност“, нагласи тој.

Според полицијата, во текот на операцијата запленето е голема сума пари, компјутери за игри на среќа, огнено оружје и друго, кои служат за организирање игри на среќа кои се забранети со закон.

Инаку, на почетокот на минатата година во Албанија почна спроведувањето на законските измени за забрана на игрите на среќа во земјата.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“