ЛОНДОН (АА) – Полицијата влезе во џамија во Лондон откако напаѓач со нож го прободе имамот во вратот додека учел езан (повик за молитва), јавува Агенција Анадолија (АА).

Image result for London knife mosque attack

Нападот се случи во џамијата кај Риџент парк, а напаѓачот подоцна е уапсен од полицијата под сомнение за обид за убиство.

На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како белец облечен во црвен џемпер е соборен на подот од страна на полицијата.

Image result for London knife mosque attack

Лондонската полиција преку соопштение истакна: „Полицијата беше повикана во џамијата на Парк Роуд, NW8, во 15:10 часот денес, 20 февруари, со пријава за прободување со нож“.

„Едно машко лице во своите 70-ти години е повредено. Се наоѓа надвор од животна опасност“, се вели во подоцнежната изјава на полицијата.

„Истрагата за причините на нападот се во тек“, соопшти полицијата.

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече нападот ужасен.

„Длабоко жалам за нападот во џамијата во Централен Лондон“, напиша Џонсон на Твитер.

„Ужасно е што ова се случува, особено на место на богослужение. Моите мисли се со повредениот и со сите погодени“, додава Џонсон.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“