АНКАРА (АА) – Во Претседателскиот комплекс во Анкара свечено се отвора најголемата библиотека во Турција, која се вбројува во редот на најпрестижните установи од тој вид во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изградбата на Народната библиотека во Претседателскиот комплекс започна во 2016 година. Има 125.000 метри квадратни покриен простор, во кој во ист момент библиотекарските услуги можат да ги користат 5.000 посетители.
Библиотеката располага четири милиони печатени книги, додека во електронска форма библиотеката располага со над 120 милиони објави и 550 е-книги.
Во инвентарот на библиотеката се наоѓаат бројни ретки и драгоцени примероци.










