Завршија двата вечерашни натпревари 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, помеѓу Борусија Дортмунд (Borussia Dortmund) и ПСЖ (PSG) и Атлетико Мадрид (Atletico Madrid) против Ливерпул (Liverpool).
Вкупно во двата натпревари мрежите се затресоа 4 пати. Во 4-тата минута Саул Нигез (Saúl Ñíguez) го стави во водство Атлетико МадридМадрид (Atletico Madrid) за 1:0, каде со истиот резултат Атлетико МадридМадрид (Atletico Madrid) тримуфира над Ливерпул(Liverpool), додека на Сигнал Идуна Парк (Signal Iduna-Park), извонредниот Ерлинг Браут Халанд (Erling Braut Håland) во 69-тата минута ја затресе мрежата на Кејлор Навас. Шест минути подоцна, на асистенција на Мбаппе (Mbappe), Нејмар (Neymar) ги врати надежите на ПСЖ (PSG) за нерешен резултат или победа, но, таа надеж траеше само две минути откако Халанд (Håland) со втор погодок, на асистенција на Џовани Рејна(Giovanni Reyna) го уништи ПСЖ (PSG) и ја покажа својата класа.
Првото полувреме на натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд (Borussia Dortmund) и ПСЖ (PSG) беше сосема смирено. И двата тима играа претпазливо, Борусија (Borussia) беше поконкретна, но и недостасуваа завршни пасови, додека ПСЖ (PSG) го направи единствениот добар обид во првото полувреме во 11-та минута кога Нејмар, со шут покрај голот.
Веќе второто полувреме како што спомнавме, на одговор на промашената шанса од 66-тата минута на комбинацијата Нејмар-Мбапе, Халанд (Håland) одговори со погодок одма после 3 минути.
Шоу на извонредниот Норвежанин
Промашувањето на Мбапе три минути подоцна беше казнето од извонредниот Ерлинг Халанд (Erlng Håland). Норвежанецот повторно покажа чувство за простор и сенс за гол по ударот на Хакими, совршено ја следеше топката која заврши на прво место во блокот и ја спреми во мрежата.
ПСЖ (PSG) одговори со неколку напади подоцна, Мбапе (Mbape) конечно се избори за простор од десната страна, играјќи го средниот ред Нејмар во средина, кој лесно ги врати надежите на својот тим, со резултат 1:1.
Сепак, неверојатниот Халанд (Håland) реагира со спектакуларен гол. Ја прими топката на дваесетина метри од голот, истрча до работ на шеснаесетникот со силен шут го врати водството на својот тим, за2:1. До крајот на мечот ПСЖ (PSG) бараше изедначување, но домаќините на крајот се задржаа и ја однесоа победата. Голот на ПСЖ (PSG) на гостински терен е важен за возвратиот дуел, каде Французите со минимална победа од 1:0 би можеле да се пласираат во 1/4 финалето.
Реванш натпреварот се игра на 11 март.
Во вториот натпревар од осмото финале во Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид (Atletico Madrid) го совлада актуелниот европски првак Ливерпул (Liverpool) со 1:0, со погодокот на Саул во 4-та минута
Ливерпул беше голем фаворит пред натпреварот. Црвените играат многу добро сезонава во Премиер Лигата каде после 30 години конечко ќе ја земаат титулата, шампион на Англија, но вечеров едноставно беа немоќни против екипата од Мадрид.
Атлетико (Atletico), од друга страна, и нема баш сјајна сезона во Ла Лига (La Liga), но вечеров доволно покажаа дека можат многу повеќе
Ливерпул(Liverpool) имаше 73 проценти од топката, но едноставно немаа идеа како да стигнат до целта. Покрај тоа, немаа сериозни шанси, не упатија ниту еден удар во рамката на голот, а Атлетико (Ateltico) играше мудро. Трпеливо, цврсто, паметно.
Диего Симеоне(Diego Simeone) знаеше дека нема смисла да се натпреваруваат со технички неспоредливо помоќен тим. Атлетико (Ateltico) му ја пушти топката на Ливерпул(Liverpool), му го даде процентот на топката, и чекаше за шанса од контра и прекини.
И баш така и дојдоа до гол, кој го реши натпреварот. После удар од аголот, топката падна на Фабињо, кој не успеа да добро да ја зафати топката и исфрли, каде Саул (Saúl) упати удар и донесе победа на својот тим.
Веднаш после тоа, Кореа имаше одлична шанса, но само покрај голот, а во 25-тата минута Мората имаше зицер. Тој беше сам пред Алисон (Alisson) околу пет, шест метри, се ослободи од него но со добра чудесна интервенција, Алисон (Alisson) го одбрани неговиот удар.
Тогаш Ливерпул тргна посериозно и поагресивно, но тоа не беше нивна ноќ. Настрана од невнимателната шанса, „црвените“ не создадоа ниту една друга шанса во првите 45 минути, а Атлетико(Atletico) уживаше во играта одејќи во своја корист. Диего Симеоне тактички го надмина Јирген Клоп(Jürgen Klopp). Одбраната на Атлетико(Atletico) одигра фантастично. Фелипе (Felipe), Савиќ (Savić) и Вршаљjко (Vršaljko) беа на секоја топка, а особено импресивно беше да се следи начинот на кој ги запреа Мане (Mane) и Салах (Salah), двајца најдобри играчи во Европа. Штом Сенегалецот и Египќанецот ја примија топката, еден или двајца бранители на Атлетико(Atletico) одма беа на нив. Ливерпул беше тотално немоќен.
Слично се одигра и второто полувреме, со што Атлетико(Atletico) се затвори уште повеќе, а почетокот на второто полувреме изгледаше како да се игра мал фудбал. Играчите на Ливерпул(Liverpool) беа на дваесет метри од Облак, но ништо посериозно не направија, со исклучок на една шанса на Хендерсон и ударот со глава на Салах.
Dubai – Portal










