ЕРУСАЛИМ (АА) – Првото рочиште за три одделни случаи на корупција за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се одржи следниот месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на израелското Министерство за правда се истакнува дека судењето на Нетанјаху ќе започне во Ерусалимскиот окружен суд во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) на 17 март.

Сѐ уште не е познато дали Нетанјаху ќе присуствува на рочиштето, што ќе се одржи на 2 март, на околу две недели по предвремените избори во земјата.

На 21 ноември 2019 година, израелскиот главен обвинител Авичаи Манделблит одлучи да покрене случај против премиерот Нетанјаху за три одделни случаи за корупција.

Според законот, Манделблит на 2 декември 2019 година од Собранието побара дозвола да може да покрене случај против Нетенјаху.

Нетанјаху тогаш на 1 јануари побара имунитет од Собранието, неколку часа пред законскиот рок за барање на имунитет.

Премиерот Нетанјаху на 28 јануари го повлече своето барање за имунитет поднесено до Собранието за да заштеди време.