АНКАРА (АА) – Турските сили преку операции поддржани од воздух неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова преку писмено соопштение објавено на Твитер го потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се наведува дека четворица терористи на ПКК, кои биле во подготовка за напад во местата Хакурк и Авашин, биле неутрализирани преку операцијата поддржана од воздух.
Во соопштението се нагласува дека непрекинато ќе бидат продолжени овие операции.








