Островот Минданао на Филипини го потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,8 степени се наоѓа на 5 километри од градот Магсајсај во подрачјето Давао дел Сур, на длабочина од 28,2 километри.
По земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.
Засега нема информации дали има евентуални жртви и повредени и каква материјална штета предизвика земјотресот.
На 29 и 31 октомври филипинскиот остров Минданао го потресоа земјотреси со интензитет од 6,6 и 6,5 степени, при што во подрачјата на Давао дел Сур, Котабато и Султан Кударат животот го загубија 23 лица, а 417 беа повредени.
AA / Dubai-Portal











