Палестинските групи на отпорот и властите на Израел постигнаа договор за примирје во блокираниот Појас Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телевизиската куќа блиска со Хамас, „Ал Акса“, објави дека палестинската и израелската страна договориле прекин на огнот во Газа.
Повикувајќи се на неименувани извори, таа медиумска куќа од Газа соопшти дека примирјето стапува на сила во 4:30 часот по локално време.
Паралелно со тоа, претставникот на Комитетот за народен отпор од Газа, Абу Муџахид Ал Брим, истакна дека иницијативата на Обединетите нации (ОН) и Египет вродила со плод и дека од утрово на сила е прекинот на огнот.
Израелската страна досега не ја потврди веста за договореното примирје.
Тензиите во регионот на Газа ескалираа во петокот кога во текот на протестите се ранети двајца израелски војници, а израелските страни изведоа жестоки напади на кои палестинските групи одговорија со ракети од Газа.
Израелските сили во саботата и неделата изведоа жестоки воздушни и артилериски напади на Газа, а од ресорното министерство на Газа е соопштено дека во тие напади се убиени најмалку 24, а ранети 154 Палестинци.
Од друга страна, најмалку три лица загинаа во подрачјето на Израел на кое израелските сили од Газа истрелуваа ракети. Меѓу загинатите е и еден Палестинец.
Израелската војска во саботата изведе напад и ја сруши и зградата во којашто се наоѓаше канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Газа.










