(Дубаи – Портал) – Војник на Австралиско-новозеландскиот армиски корпус АНЗАК, кој на фронтот на Галиполе, во Турција, дошол пред 104 години, во писмото до неговото семејство зборува за хуманиот однос на турските војници кон непријателот.
Војник на Австралиско-новозеландскиот армиски корпус АНЗАК (Australian and New Zealand Army Corps ANZAC), кој на фронтот на Галиполе, во Турција, дошол пред 104 години, во писмото до неговото семејство зборува за хуманиот однос на турските војници кон непријателот.
Битката за Галиполе беше една од најкрвавите и најжестоки битки во Првата светска војна, но по многу показатели, и во историјата воопшто. Сепак, често можат да се прочитаат детали за примерите за хуманото однесување на турските војници за што пишуваше и војникот на АНЗАК, чие писмо е дел од колекцијата на колекционерот Сејит Ахмет Силај во Турција.
Војникот во писмото напишано на 22 октомври 1915 година зборува за случувањата на фронтот, па дури и за пријателствата од фронтот, хуманиот однос на турските војници и условите во животот, воопшто.
Се опишува дека на фронтот успеале да се зближат со турските војници.
„Во текот на двата дена од оваа недела Турците беа многу пријателски настроени. И тие и ние излеговме од ровови. Им дадовме месо и други намирници кои ги имавме, а тие нам цигари и тутун“, наведува војникот.
Во писмото напишано на три страници, го пишува следното:
„Драга Адие,
Ти пишувам накратко да те известам дека сум добро… Ако ја занемариме малата настинка, за која се надевам дека нема да прерасне во нешто посериозно, многу сум добро. Господинот Мурај, со кого се запозна во возот, се надева дека ќе се сетиш на него. Тука во моментот е мирно, но не верувам дека ќе потрае, никој не може да знае од каде ќе дувне ветрот.
Во текот на двата дена од оваа недела Турците беа многу пријателски настроени. И тие и ние излеговме од ровови. Им дадовме месо и други намирници кои ги имавме, а тие нам цигари и тутун. Никако не можам да стапам во контакт со Лес, а во секоја пригода настојувам да дознаам нешто од неговите соборници. Верувам дека ти, доколку ова писмо стигне, ќе знаеш што му се случило и каде. Бат поради гастритис е во болница, но мислам дека не е ништо сериозно и дека наскоро повторно ќе биде со нас“, наведува војникот.
Се опишува и дека неговиот познајник Фред Б., со борците од Сиднеј сака да ја врати куќата, но дека нема дозвола за тоа.
Колекционерот Силај за АА изјави дека на подрачјето наречено Квинс Порт рововите биле многу блиску едни до други и дека таму во поголемиот дел се наоѓале британски и австралиски војници.
Тој додаде дека писмото е потврда за размената на подароци меѓу турските војници и припадниците на АНЗАК и дека во Чанаккале се случувале работи кои не биле вообичаени за фронт.
Силај изјави дека секоја година на 25 април, претставниците на Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија и Франција, доаѓаат и оддаваат почест на загинатите.
Тој смета дека нарекувањето на битката на Галиполе „џентлменска“ е многу погрешно, бидејќи војната или битката не може да ја носи таа придавка.
„Нарекувањето на оваа битка џентлменска е вреѓање на нашите шехиди. Впрочем, не беа тоа извидници кои пред 104 години дојдоа на излет и не ги напаѓавме ние нив“, смета Силај.
Тој изјави дека денес е можно да се слушнат различни интересни приказни за фронтот.
„Имаше војници кои војуваа преку ден, а во текот на ноќта беа мирни. Дали тоа секогаш било така во војните, секако дека да“, изјави Силај.
Тој потсети дека во судирот на 19 мај за само неколку часа дошло до губење на околу 10.000 лица.
„Имаше тука многу загинати. Телата почнаа да се надувуваат. Неописливиот мирис и раните на повредените ги вознемируваа двете страни. Уште на 24 мај 1915 година, можеби беше постигнат првиот завет на Првата светска војна. Командантите на двете страни беа испратени да ги договорат условите на примирјето. Сојузниците и османлиските војници за првпат без оружје и лице во лице се состанаа на 24 мај. Немаше Турци пред нив, како што ги опишуваа претходно“, рече Силај, потсетувајќи дека на непријателските војници Турците биле опишувани како немилосрдни и дека не треба да останат заробеници.
Тој додаде војниците на АНЗАК во дневници и писма ги опишувале случувањата на фронтот.
Силај изјави дека Турците по 24 мај во очите на сојузниците и понатаму биле непријатели, но дека повеќе не биле некои кои ги мразат.
Mahir Demişoski










