Главните имами од Санџак, како и членови на Мешихатот на исламската заедница Санџак едногласно денеска во Тутин го избраа г-дин Сенад еф. Халитовиќ за нов претседател на Мешихатот Санџак и муфтија санџачки, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Таквата одлука била донесена едногласно и се избирало меѓу неколку кандидати, истакнати алими и имами во тој регион.
Гласањето се одржа во џамијата Султан Фатих во општина Санџак.
Обраќајќи се пред насобраните реис-л-улема на Риаестот на Исламската заедница на Србија Сеад еф Насуфовиќ потсетил дека со изборот на санџачки Муфтија комплетиран е изборниот циклус во институцијата на чие чело е од 2016 година. Тој е денешните избори, на кои џематлиите чекале долго , ги образложи со тоа дека сакал од секој имам и џемаат да добие предлози за кандидати. Според неговите зборови, тоа е аманет кој мора да ги преземе најодговорните меѓу еднаквите, а не оној кој има најмногу слободно време.











