Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, кој пристигна денеска во Турција, како дел од делегацијата предводена од државниот секретар Мајк Помпео, не се сретна со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, иако средбата меѓу двете страни претходно била договорена.
За тоа, повикувајќи се на неименуван официјален извор во американската администрација, на 8 јануари објави Асошиетед прес.
Се очекувало дека на средбата на Ердоган и Болтон да се разговара за ситуацијата во Сирија по одлуката на САД да ги повлече своите војници од таа земја. Сепак, турскиот претседател на Болтон не го примил, оправдувајќи се со презафатеност во врска со претстојните турски локални избори. Претходно истиот ден, претседателот Ердоган во парламентот ја потврди острата политика на својата земја во однос на курдските вооружени единици ЈПГ во Сирија. кои се поддржани од САД, притоа повторно нарекувајќи ги “терористичка организација”.
Се осмелувам да кажам дека турскиот лидер со ваквиот потег му зададе политичка “шлаканица” не само на Џон Болтон – пред стапувањето на службената функција во Белата куќа познат по радикалните надворешно-политички ставови и екстремни изјави спрема оние земји и нивните лидери кои се противат на политичката диктатура на САД, пред се на Иран и Северна Кореја, но исто така и на претседателот Доналд Трамп, во чие име Болтон, сосема сигурно пристигна во Турција.
Потсетувам дека Џон Болтон не одамна пбеше примен од рускиот претседател Владимир Путин кога тој пристигна во официјална посета на Москва и на средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, добро знаејќи дека Болтон, кој ја презеде должноста советник за национална безбедност на Трамп, повеќе не ги застапува своите,туку ставовите на Претседателот Трамп и САД како држава.
Јасно е дека рускиот лидер во услови на на константен американско политички и санкционирачки пресинг на Русија од 2014 година,секогаш прифаќа разговор со највисоки американски претставници, надевајќи се на постигнување на некаков политички компромис, намалување на тензиите и стабилизирање на угледот на двете суперсили, што на никој начин не значи дека Путин се согласува со еднострани руски отстапки. Напротив! За ова сведичи и понатамошна ескалација, а не релаксација на нивните односи.
Сепак, Ердоган тргнува со сосема поинаква политичка позиција: прво, тој јасно на домашнаѕа и меѓународната јавност и ја покажува својата неодредена политичка моќ и недопирливост, и второ, совршено ја перципира улогата на Турција во НАТО алијансата и нејзината стратешка важност како клучен регионален играч за разни проблеми – од Сирија, Ирак, Иран, курдското прашање, палестинско прашање итн. Освен тоа, Турција се повеќе произлегува од рамката на чиста регионална држава и го бара своето место во пошироката глобална област.
Таа се обидува да ги прошири своите економски интереси, пред се во ЕУ и на Истокот, првенствено преку воспоставување партнерство со Русија и Кина, но и со Иран, иако е регионален конкурент со таа земја. Сепак, и покрај сé покомплицираните меѓународни односи и зајакнувањето на притисокот на САД врз Иран, Анкара и Техеран сé повеќе соработуваат (иранскиот претседател Рохани, веднаш после новата година се состана Ердоган и претстојуваше во Анкара), на економски и политички план. Сето ова создава сериозна американска загриженост.
Сепак, Вашингтон едноставно се обидува да го најде својот пат кон новата конфигурација на односите на Блискиот Исток: од една страна, се обидува да ја врати Турција под своја улога менувајќи ги неефикасните методи на притисок и закани со давање отстапки (нови, поповолни понуди за купување на американските ПРО системи Патриот, одлуката за повлекување на американските војници од Сирија,што Турција го поздравува итн.), сепак, и понатаму заради некоја едвај разбирлива причина, извлекува чудни потези, како што е најновата,кога во својот буџет за 2019 година (т.е. ) ја остава ставката ( т.е парични средства) за обезбедување на вооружена помош на сириските Курди!
Во такви околности, очекувањето дека Ердоган ќе се поклони на американските интереси во Сирија, или тоа, дека со смирена насмевка ќе го пречека Џон Болтон целосно е погрешено.
Извор:Geopolitikanews/Zoran Meter











