Исполнето ветувањето од Ердоган : Турција отвори Универзитет во Судан

0
257

Турскиот универзитет на здравствени науки (UHS) во Судан отвори нов универзитет, како што претходно го вети турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави агенцијата Анадолу (АА).

Во соопштението на UHS се наведува дека на церемонијата на отворање на UHS Niyal Академијата за здравствени услуги присуствувал и суданскиот претседател Омар Ал Башир.

Во соопштението исто така се наведува дека турскиот претседател Ердоган во обраќање на Универзитетот во Картум, кон крајот на минатата година ветил дека Турција ќе отвори нова високообразовна институција во таа африканска земја.

На отворањето на Академијата за здравствени услуги, суданскиот претседател Ал-Башир истакна дека оваа институција ќе има клучна улога за подмирување на здравствените потреби на Суданците.

Тој им се заблагодарил на турскиот колега Ердоган и на турските власти за нивната поддршка која ја обезбедуваат на ова сиромашна африканска нација.

Шефот на центарот на UHS за Африка, Хасан Хусеин Екер, рече дека основна задача на Академијата во Судан е да ги едуцира професионалните здравствени работници.

-Со растот на бројот на високообразовани здравствени работници, ќе расти и квалитетот на услуги во здравството.

Нашето училиште нема никакви скриени интереси за профит, туку сакаме да станеме дел од силите кои во овој регион шират добро и љубов -истакнал Екер.

Директор на новоотворената UHS академија во Судан, Месут Икиз, изјавил дека суданските студенти покажаа голем интерес и дека првата генерација веќе го стекнува потребното знаење во таа институција.

-Студенти посетуваат висококвалитетна настава. Учат турски, а теренската настава ја извршуваат на арапски јазик.

Стекнатите знаења ќе може да се применуваат во практика, лесно да се најде работа и да придонесе за развојот на општеството – рекол Икиз.

Ректорот на турската УХС, Џевдет Ердол, посочи дека Судан е регион на љубовта и дека зазема посебно место кога станува збор за турско-африканските односи.

– Турција секогаш ќе биде во братскиот Судан и тоа без личен интерес и покрај политиките на изолација кои западните земји ги водат спрема ова африканска земја.
Ветувањето на претседателот Ердоган успеавме да го исполниме само за една година, порачал Ерол- рече Ердол.