Во првите четири месеци од оваа година, Саудиска Арабија погубила 48 лица, меѓу кои половина од нив заради зависност од дрога, соопшти Хјуман рајтс воч (ХРВ), повикувајќи го Кралството да го подобри својот правосуден систем “познат како неправеден”.

“Уште поголем број налуѓе осудени за дрога чекаат на извршување на пресудата”, пишува невладина организација со седиште во Њујорк во извештајот објавен во средата вечер.

Саудиска Арабија има една од највисоките стапки на егзекуции во светот.

Саудискиот правен систем се базира на строгото толкување на Шаријатот, исламскиот закон во кој се изрекува смртна пресуда за тероризам, убиство, силување, грабеж и препродажба на дрога.

Промени во законот

“Страшно е што Саудиска Арабија погубува толку многу луѓе и дека голем број од нив не сториле сериозен криминал”, изјавила Сара Витон, шеф на ХРВ за Блискиот Исток и Северна Африка.

Во Саудиска Арабија, каде што егзекуциите се извршуваат со сабја, во 2017 година беа егзекутирани речиси 150 лица.

Во разговорот со Time Magazine во април, престолонаследникот Мохамед бин Салман изјави дека е веројатно дека неговата држава во некои случаи ќе ја замени смртната казна за доживотен затвор, освен за убиство.

Извор:RSE

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here