Кога подлабоко ќе се загребе под површината на геостратешките односи, може да се сфати дека речиси сите тековни војни, востанија и други конфликти на Блискиот Исток се поврзани со една нишка, а тоа е борба за надмоќ над пронаоѓањето, искористување и продавањето на фосилни горива и други ресурси.
Тоа може да се види во случајот со сириската војна во која Катар и Иран, богати со гас, се борат за два различни правци преку кои гасот треба го испорачаат во Европа. Ова се гледа и во случајот со Курдите, кои бараат отцепување на делови од Сирија и Ирак богати со нафта, исто така тоа се забележа и во случајот на Русија која интервенираше, меѓу другото, откако во 2013 година потпиша 25 годишен договор за истражување и експлоатација на нафта и гас во сириските територијални води.
Меѓутоа, од многуте конфликтите околу енергетските ресурси, еден од нив често се занемарува, а тоа е конфликтот меѓу Израел и Палестинците околу територијалните води на Газа, кои се многу богати со природен гас. Конфликтот влече потекло од деведесеттите години, кога се повеќе започнаа да кружат информациите за големи резерви на природен гас во Источниот Медитеран, а кои биле проценети на 122 трилиони кубни метри.
Во следните децении, израелско-палестинскиот конфликт за контрола на природниот гас прерасна во мулти-фронтален конфликт кој досега вклучува неколку војски, три воени морнарици и неколку држави, вклучувајќи ги Израел, Сирија, Русија, Турција, Кипар и Либан.
Историјата на природниот гас во Газа
Во 2015 година, Мајкл Шварц, американски професор на Универзитетот во Њујорк и истакнат критичар на војната во Ирак, објави напис под наслов “Големата игра во Светата земја”. Бидејќи гасот во Газа стана епицентар на меѓународната борба за превласт “. Во оваа анализа, тој ја изнесува теоријата дека палестинско-израелскиот конфликт со текот на времето, доби освен етничката и територијалната и една енергетска позадина.
Имено, во 1993 година, кога Израел и Палестинската власт потпишаа договор во Осло, кој требаше да стави крај на израелската окупација на појасот Газа и на Западниот Брег и да создаде независна палестинска држава, никој не размислувал за бреговите на Газа. Како резултат на тоа, Израел се согласи дека новоформираната палестинска власт целосно ќе ги контролира нејзините територијални води, иако израелската морнарица продолжи да ја контролира областа. Никој не посветуваше премногу внимание на гласините за резервите на природен гас, бидејќи цените беа многу ниски, а резервите прилично големи. Затоа и не изненадува и фактот што Палестинците не брзаа кога го ангажираа British Gas познат глобален играч во енергетскиот сектор – како би ги истражил набавките во Средоземното Море.
Дури во 2000 година двете страни потпишаа скромен договор за развој на областа што беше испитувана во меѓувреме.
British Gas ветил дека ќе финансира и ќе управува со наоѓалиштата пред појасот Газа, дека ќе ги сноси сите трошоци и управува со постојните инсталации во замена за 90 отсто од приходите, што било искористувачко, ама сепак типичен договор за такви проекти. Со веќе функционалната индустрија за природен гас, Египет се согласи да биде на копно центар и транзитна точка за гореспоменатиот енергент. На Палестинците сепак требало да им припадне 10% од приходот (проценето на околу 1 милијарда долари) и им била загарантирана доволна количина на гас за да ги задоволат своите потреби.
За да се забрза овој процес, договорот можел да се спроведе како што бил напишан. Меѓутоа, во 2000 година, со растечката економија, ограничените ресурси на фосилни горива и катастрофалните односи со соседните земји богати со нафта, Израел се соочи со стратешки предизвик од потенцијален недостаток на енергетски ресурси.
Наместо да се обиде да одговори на неговиот проблем со агресивни, но реални напори за развој на обновливи извори на енергија, израелскиот премиер Ехуд Барак започна ера на конфликти околу енергетските ресурси во регионот на Источниот Медитеран.
Започна со поморска контрола врз крајбрежните води на Газа како би го спречил договорот со British Gas. Наместо тоа, барале Израел, а не Египет, да го прифати гасот во Газа и, исто така, да ги контролира сите приходи наменети за Палестинците – како би спречил парите да се користат за “финансирање на терор”.
Со ова, договорот во Осло беше официјално осуден на неуспех. Изјавувајќи дека палестинската контрола врз приходите од гас е неприфатлива, израелската влада се обврза дека нема да прифати ниту најслаба палестинска автономија во финансискиот буџет, а камоли целосен суверенитет. Бидејќи ниту една палестинска влада или организација, не се сложувала со тоа, иднината исполнета со вооружени конфликти стана неизбежна.
Израелската блокада доведе до интервенција на британскиот премиер Тони Блер, кој се обиде да интервенира со договор кој ќе ги задоволи и израелската влада и палестинската власт. Затоа, во 2007 година било предложено дека гасот кој ќе биде испорачан во Израел, наместо во Египет, да биде по пониски пазарни цени, но со истите 10% од приходите кои на крајот ќе стигнат до палестинската власт.
Сепак, овие средства прво би биле испратени до Банката на федерални резерви во Њујорк, со цел идна дистрибуција, која требало да гарантира дека истата нема да се користи за напади врз Израел. Таквиот договор сè уште не го задоволи Израел, кој укажувајќи на неодамнешната победа на милитантната партија Хамас на изборите во Појасот Газа (2006) како официјална пречка. Иако Хамас се согласи да дозволи Федералните Резерви да ја контролираат сета потрошувачка, сепак израелската влада на Ехуд Олмерт инсистирала на тоа дека на Палестинците не треба ништо да им се плати. Наместо тоа, Израелците би испорачале еквивалент на овие средства “во стоки и услуги”.
Станувало збор за предлог кој палестинската влада го одби. Набргу после тоа, премиерот Олмерт наметна драконска блокада на Газа, дефинирана од израелскиот министер за одбрана како форма на “економска војна” чија цел е создавање на политичка криза која ќе доведе до народно востание против Хамас. Со соработката со Египет, Израел тогаш под контрола го стави целиот увоз и извоз на стоки во Газа, ограничувајќи го во голема мера дури и увозот на храна и елиминирајќи ја рибарската индустрија. Советникот на израелскиот премиер Дау Вајсглас таквиот чекор го дефинирал со следните зборови: “Израелската влада ги става Палестинците на диета” (која, според Црвениот крст, набрзо доведе до “хронична малнутриција”, особено кај децата од Газа).
Кога Палестинците продолжија да одбиваат да ги прифатат израелските услови, владата на Ехуд Олмерт одлучи еднострано и самоволно да го експлоатира гасот на Средоземјето, ама сметајчи дека такво нешто е можно само доколку Хамас биде раселен или разоружан. Како што објаснувал поранешниот командант на израелските одбранбени сили и актуелен министер за надворешни работи Моше Јалон; “Хамас ја потврди својата способност да бомбардира стратешки инсталации за гас и електрична енергија во Израел”. Затоа било јасно дека дупчење нема да дојде без согласност или елиминација на радикалното палестинско движење “.
Кратко потоа, во текот на зимата 2008 година започна операцијата Cast Lead , и израелската армија интервенираше во Газа. Во три неделни воени операции, загинаа повеќе од 1.300 Палестинци, а ранети 5.000 цивили. На израелската страна пак убиени биле, 13 а ранети 500 цивили и војници. Освен човечки жртви, операцијата “Cast Lead ” како резултат ја имала и разрушената палестинската инфраструктура. Официјално, целта била да се одговори на ракетните напади на Хамас, меѓутоа аналитичарите како професорот Михаел Шварц сметаат дека зад интервенцијата, се криел и еден друг енергетски интерес, односно онеспособување на Хамас, со цел да се преземе контролата врз гасните полиња пред појасот Газа.
Извори: izvor(i): Advance,The Independent, BBC, Washtington Institute, Natural Gas in Eastern Mediterranean and Gaza waters










