Во средата 2.декември, шефовите на дипломатии на членките на НАТО ја повикаа Црна Гора да ги започне преговорите за стапување во Алијансата.

Освен тоа, високорангирани членови на американската влада и лидери на воената Алијанса го посетија Белград и Загреб во рамките на обновување на обидите балканскиот регион да се вклучи во орбитата на влијание на Западот.

“Климата на меѓусебните односи со балканските држави станува сё појасна за САД, регионот посебно е важен во позадината на големите движења на меѓунаредната арена… Разликите излегуваат на виделина во земјите, каде интересите на Москва и Вашингтон се поклопуваат на пример во Србија и црна Гора“, смета воениот аналитичар Игор Табак.

Фигурантите на последното проширување на Алијансата беа Хрватска и Албанија, кои се поврзани со НАТО во 2008 година, додава листот.

„НАТО полека го запоседнува Балканскиот полуостров“, смета поранешниот амбасадор на Италија во Алијансата Стефано Стефанини кој учествувал во преговорите за проширување во 2008 година.

“Само погледнете ја големината на Балканскиот полусотроб – секој пат кога фогурите ќе се придвижат, не е важно мали или големи, се менува равнотежата, смета Стефанини.

Шефот на дипломатијата САД Џон Кери разговарал со Александар Вучич, а две недели пред тоа во Белград бил и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Тој зборувал за „нов почеток“ на односите со Србија која Вашингтон и сојузниците ја бомбардираа во 1999 година во текот на 78 дена.

НАТО бомбардирањето остави горчлива трага во сеќавањето на Србија и сега Белград се обидува  да ја пронајде равнотежата помеѓу Западот и Истокот – тој сака да стане членка на ЕУ, притоа чувајќи ја својата воена неутралност.

Во исто време, членство во НАТО останува далечна перепсектива за земјите од Западниот Балкан – Алијансата не одлучила дали да ги повика државите, оптеретени со решенени територијални прашања.

 

БиХ како и претходно се обидува да ги реши внатрешните несогласувања во рамките на сложениот политички систем, заснован на етнички принципи, создаде со Дејтонскиот договор во 1995 година. Во полето на интереси на НАТО влегува и Косово, кое не го признаваат Москва и Белград, како и Македонија која има нерешен спор(прашање) со Грција која веќе е членка на Алијансата.

Друг важен апскет на балканското проширување на НАТО е диверсификацијата на испораката на енергетските ресурси во Европа, што Вашингтон тоа го смета за стратешки интерес за сопствената безбедност.

На намалување на зависноста на ЕУ од рускиот гас повикува Хрватска – на островот Крк планирана е изградба на терминал за течен природен гас кој ќе биде поврзан со гасниот коридор од Азербеџан до северот на Европа преку Турција, Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска. Тој проект е познат киако Трансјадрански гасовод.

Извор:(The Bosnia Times)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here