Продолжуваат да пристгнуваат пораки со желби за брзо закрепнување од светските лидери до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган кои беа позитивни на тестот за новиот тип коронавирус (Ковид-19) и кои одмараат во нивниот дом во Кисикли, во населбата Ускудар, во Истанбул.
Принцот престолонаследник на Абу Даби шеик Мухамед бин Зајед Ал Нахјан, оствари телефонски разговор со претседателот Ердоган.
Ал Нахјан во телефонскиот разговор му ги пренесе своите најдобри желби за брзо закрепнување на претседателот Ердоган и на неговата сопруга Емине Ердоган чии тестови беа позитивни на Ковид-19.
Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Во мое лично име и во име на г-ѓа Емине, би сакал да ја изразам мојата благодарност до принцот престолонаследник на Абу Даби шеик Мухамед бин Зајед, за неговата љубезност.“
Претседателот Ердоган телефонски разговараше и со претседателот на Советот за суверенитет во Судан генерал Абдулфетах Абдулрахман Ал Бурхан.
Во телефонскиот разговор Ал Бурхан им посака на претседателот Ердоган и на неговата сопруга Емине Ердоган брзо закрепнување.










