Фудбалерите на Данска ја совладаа вечерва репрезентацијата на Велс со 4:0 (1:0) во Амстердам во првиот осминафинален натпревар на 16. Европското првенство.

Велс добро го отвори натпреварот и пропушти идеална шанса да дојде во водство преку капитенот Герет Бејл во 10. минута, но набрзо потоа Данска целосно ја презеде иницијатива и со два гола на Каспер Долберг го навести својот заслужен пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на ЕУРО2020.

Напаѓачот на Ница ја доведе Данска во водство во 27. минута, а по две минути игра во второто полувреме Долберг искористи грешка во велшката одбрана за да го постигне својот гол на стадионот „Јохан Кројф“ на кој настапуваше порано како играч на Ајакс.

Данска го зголеми водството преку Јоаким Мехле во 88. минута, а печат на убедливиот триумф стави Мартин Брејтвајт во петтата минута од судиското продолжение, откако претходно во самата завршница му беше поништен гол поради офсајд.

На Вембли стадионот во Лондон, Италија ја пречека Австрија. Као главни фаволити италијанците не ги изневерија очекувањата. Бо првото полувреме, наднаа жестоко, додека австриците статистички имаа поголем посед на топката. Италијаните имаа опасна шанса за гол на почетокот, но австриците имаа добра одбрана ред мрежата.

По 25 миниути, се засили притисокот на италијанците. Баумгартнер како најистурен во нападот, сериозни се закануваше по одбраната на азурите. Во 32-тата минута, Имобиле се обиде со удар од далечина да ја затресе мрежата, но среќата беша на страна на австирскиот голман Бахман, топката ја погоди десната статива.

Првото полвреме мина безлично, без некои позрели шанси за двата тима, како да се чуваа за второто. Австриците како да се засилија и Сабицер имаше зрела шанса за гол, но наместо тоа изнуди корнер. Италијанците како опуштени, играа на сигурна карта, а австриците само чекаа шанса за грешка. Со несигурна игра, азурите како да ги демонстрираа слабите точки во одбраната. И ја дочекаа во 64-тата минута. казната дојде од Арнаутовиќ кој со глава од лева страна ја погоди горната статица, а потоа топката отиде во голот. Но, вар собата реши повторно да го разгледа овој гол. Австриските играчи и навивачи во шок откако вар собата пресуди дека заради офсајд, голот се поништува.

Ова како да ги разлути австриските играчи. Во 73тата минута повторно спорна ситуација меѓу Лајмер и Песина и повторно вар собата ја прегледуваше ситуацијата и досуди офсајд.

Италијанците како да не се освестија по ваквите ситуации, продолжија со додавање по средина на теренот. Доаѓаа до шеснаесетникот, но не успеваа да упатат удар кон мрежата. Се обиде Берарди, но не успеа со ножички ефикасно да ја претвори шансата во гол.

Регуларниот дел со дополнителните 6 минути заврши 0-0 и се одеше на двапати по 15 минутиž. Кјеза од десна страна ја погоди мрежата во 95тата минута за водство на азурите од 1-0. Песина го постигна и вториот гол во еден карамбол пред голот на Австрија. Но, австриците не се предаваа, намалија на 2-1 со голот на Калајџиќ, даден со глава. мајсторски се протна помеѓу тројца противници и со глава ја уфрли топката од доле во мрежата на Донарума. Кјеза повторно имаше шанса да биде во празен гол, но брзо беше спречен да шутира. Натпреварот заврши со победа на Италија, која на следна пресметка го чека противникот од натпеварот Белгија-Португалија кој се игра утревечер.