Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш ќе го смени денеска министерот за здравство Јан Блатни кој е на таа позиција од ноември минатата година.
На негово место ќе биде назначен Петар Аренеберг, се наведува во извештајот на агенцијата ЦТК, пренесе „Ројтерс“.
Во октомври кога Јан Блатни ја превзеде функцијата, во Чешка е регистриран пораст на заразените со ковид-19, а до тогаш три бранови на пандемијата однесоа повеќе ов 27 илјади животи, поради што таа земја, со 10,7 милиони жители, изби на самиот врв на глобалната ранг листа по бројот на смртни случаи по глава на жител.
Бабиш во последно време му замеруваше на Блатни поради недостаток на поддршка за новите лекови против Ковид-19 и вакцините. За тоа време Блатни се соочи со преплавени болници и притисок фабриките да останат отворени, и повторно да се отворат продавниците.
Блатни исто така бил и против користење на вакцината Спутник В, пред да биде одобрена од Европската унија.
TV21








