Царинските службеници на САД (SAD) во претрес на канадскиот поштенски камион, наидоле на доста необична пратка. Имено, меѓу пакетите се наоѓало тегло со човечки мозок.

„На 14-ти Февруари, службениците на граничниот премин „Blue Water Bridge“, помеѓу Мичиген (Michigan) и канадската провинција Онтарио (Ontario), пронајдоа човечки мозок“, соопштија од Америчка управа за царинска и гранична заштита (АУЦГЖ) (CBP).

“Антички наставен примерок”

Човечкиот мозок се наоѓал во пратка со ознака „Антички наставен примерок“ кој од Торонто (Toronto), требало да стигне во Кеноша(Kenosha), Висконсин (Wisconsin). Јавува Би-Би-Си.

„По отворањето на пратката, службениците на (АУЦГЖ) (CBP) пронајдоа пакет со примерок од човечки мозок. Тој бил сместен во стаклена тегла а со него немало никаков документ“, се вели во соопштението на агенцијата.

Регионалниот директор на (АУЦГЖ) (CBP), Мајкл Фокс (Michael Fox), изјави дека луѓето треба да ги следат правилата за пратка на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦКПБ) (CDC)и Националниот институт за јавно здравје за „заразни биолошки агенси и можни заразни агенси“.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „BBC“