АНКАРА (АА) – Елементи на режимот на Башар ал Асад во Сирија, напаѓајќи одредени населби во центарот на градот Алепо, се подготвуваат да ја обвинат Турција дека напаѓа цивили, пренесува Агенција Анадолија.

Умерената вооружена опозиција во Идлиб ја пресретна радиофреквенцијата на елементите на режимот на Асад.

Според информациите на умерените опозициски групи, режимските сили се подготвувале да ја нападнат населбата Хамданије во Алепо, и да започнат пропаганда против Турција со која ќе ја обвинат дека таа е виновна за убиството на цивилите таму.

Силите на режимот на Асад од декември 2016 година го контролираат целиот центар на градот Алепо.

Умерените опозициски групи започнаа операции во текот на денот за враќање на населбите што режимските сили ги заробија јужно од Идлиб.

Опозицијата, во рамките на операцијата влезе во селото Нејраб, кое се наоѓа северозападно од областа Серакиб.