ДАКЛА, Западна Сахара(DAKHLA, Western Sahara): Во пустината Уед Еддахаб(Oued Eddahab ), Западна Сахара, Хабибула Длими(Habiboullah Dlimi) произведува млечни производи и чува тркачки камили исто, како што порано правеле неговите предци – но со мала помош од модерната технологија.
Неговите животни се шетаат слободно во пустината и се молзат како и секогаш исто, со рака, во зори и самрак.
Кога камилите „се хранат со диви растенија и шетаат по цел ден, млекото е многу подобро“, рече 59-годишниот Хабибула, рапсодирајќи се за придобивките од млекото богато со хранливи материи, познато како „извор на живот“ за номадите.
Но, за жал Длими веќе не живее со своето стадо од камили.
Тој живее во градот со семејството. Неговите камили ги набљудуваат ангажирани стадаци, а Длими ги следи ЏПС координатите низ пустината во своето 4X4 возило, за да стигне до нив.
Тој беше повлечен кога беше прашан за големината на своето стадо, па рече: „Тоа би можело да донесе лоша среќа“, рече тој.
Тој препорача да зборува за благоста и пријателството на животните што ги познава како своите деца.
„Камилите можат да издржат сè: сонцето, ветерот, песокот и недостатокот на вода, кога тие би можеле да зборуваат, лесно би ги слушнале и разбрале колку се интелигентни“, рече тој.

„Пустината ме познава“
Длими потекнува од долга линија на пустински жители од племето Улед Длими(Ouled).
Како што тврди традицијата, тој се претстави, враќајки се пет генерации порано напоменувајќи ги своите предци.
„Ја познавам пустината а и пустината ме познава“, рече тој.
Како и на друго место, номадите на Западна Сахара се населуваат, по смената од руралното во урбаното живеење.
„Младите преферираат да останат во градот“, рече Длими, а стадаците најчесто доаѓаат од соседна Мауританија(Mauritania), чија пустина северно ја минуваат каравани до илјада камили. Иако и тие „често бараат да работат во области опфатени со мрежен сигнал (мобилен телефон)“, додаде тој.
Населението во блискиот град Дакла се зголеми за трипати на 100.000 за 20 години, со раст поттикнат од риболов, туризам и земјоделство од земјоделско стакло подржано од Мароко.
Во овој дел од Западна Сахара, развојните проекти во целост зависат од Рабат.(главен град на Мароко)
Мароко контролира 80 проценти од поранешната шпанска колонија од 1970-тите и сака да ја задржи како автономна територија под нејзиниот суверенитет.
Движењето „Полисарио фронт“(The Polisario Front) водеше војна за независност од 1975 до 1991 година и сака референдум на кој луѓето од Западна Сахара избираат меѓу независност и интеграција со Мароко.
Обединетите нации со децении се обидуваат да преговараат за политички компромис.
Како и многумина во своето племе, Длими има членови на семејството од другуиот дел на Западна Сахара што ги раздвојува мароканските подрачја, од подрачјата контролирани од Полисарио.
Тој ја фаворизира лојалноста кон Мароко, а другите ја поддржуваат независноста, рече тој.
Сепак, племенската припадност ја анулира политиката.
„Племиите се племиња, тоа е социјална организација“, рече тој. „Постојат многу силни врски меѓу нас“.
Да го „зачува минатото за иднината“, Длими отвори културно здружение за зачувување на традициите од времето кога немало граници и „семејствата ги следеа стадата и облаците“.

Иронија
Длими ја сака пустината, но тој има една поплака: „Млекарница е ценета насекаде во светот, освен овде“.
Млекото од камили е тренд кај потрошувачите свесни за здравјето, а посното месо е одлично, тврди Длими.
Денес, сепак, тоа е малечкото сточарство што е главниот земјоделски фокус, како одговор на она што номадските Мароканци имаат тенденција да го јадат.
На 266.000 квадратни километри (106.400 квадратни милји) на Западна Сахара под мароканска контрола се наоѓаат околу 6.000 стада, 105.000 камили и 560,000 овци и кози, според податоците од Рабат.
Во другите суви земји, вклучително и Саудиска Арабија, интензивното земјоделство со камили престанува.
Мароканските власти имаат спроведено неколку студии за развој на индустријата за камили во Западна Сахара, за овие досега не се однесувале.
Тој ја напомена една нивна поговорка “Тој што нема камила, нема ништо”.
„Некои велат дека Сахаранците се луди затоа што кога имаат пари, ги трошат на четири нозе“, се нашегува Длими.
За него, 20.000 дирхеми (2.000 американски долари) потрошени на камила е безбедна инвестиција.
Но, тука исто така варира и страста.
Неговата страница на Фејсбук и пораките WhatsApp се полни со разговори, со прашања за техниките за камиларски стопанства, истражувања и трки.
Тркањето „е задоволство и се плаќа“, рече Длими.
Бидејќи Обединетите Арапски Емирати финансираа изградба на патека за камили за трки на Тантан(Tantan), на 900 километри (560 милји) кон север, тркачките животни ги ценеа по својата вредност и можат да се продадат до 120.000 дирхеми, според Длими.
За да ги обучи своите тркачки камили, Длими ги брка младите животни низ пустината со неговиот 4X4.
Оваа техника го направи осумкратен шампион на националните натпреварувања, рече тој.
Но, камилите можат да бидат тврдоглави, истакна Длими, раскажувајќи како некогаш го продал својот најдобар шампион за „многу добра цена“, но животното одби да се трка откако го сменала сопственикот, т.е. Длими.
ArabN









