(Дубаи – Портал) – Најстарата образовна институција во БиХ е горда што секоја година бројката на матуранти се повеќе и повеќе се зголемува.

Во спортскиот центар “Митхад Хујдур – Хујка” се одбележа големиот настан, каде матурантите во присуство на своите родители, роднини и студенти, како и високи претставници од јавниот, политички, културни и верски живот во Мостар.

Директор на „Караџоз-бег“ медресата ,професор Хафиз Аид Тулек, гордо истакна дека оваа година се промовирани 72 матуранти од 374, односно 21 генерации по реактивирање на медресата која е една од најдобрите и најпознатите.

“Тие имаат постигнато забележителни резултати во четиригодишното образование во сите области. Во оваа генерација можеме да издвоеме ги издвоеме шампионите во натпреварувањето на босански јазик, хемија и два шампиони на кантонско ниво во математиката. Исто така можеме да ги издвоеме шампионите на спортски натпреварувања, а одлични резултати се постигнати во областа на дебатирање. Втори бевме на натпревар на државно ниво. Оваа година сме победници на регионално натпреварување, а се пласиравме на државно ниво. Бевме на интернационална дебата на англиски јазик во Загреб, како и два пати на светско првенство во дебатирање на арапски јазик кое се одржа во Катар. Исто така, нашите ученици имаа извонредни резултати и во полето на спортот. Еден од нашите ученици стана државен шампион во футсал кој беше во Лигата на Шампионите. Успешни сме и во другите полиња, а најважно за нас е што меѓу нас ја имаме најдобрата ученичка на генерацијата, која према сите услови е најдобра ученичка на „Караџоз-беговата “медреса од нејзиното реактивирање“, рече директорот Тулек.

Особено, што се вели, со нетрпение на фактот дека секоја година бројот на дипломирани студенти се зголемува, што е тоа како, вели, испраќа јасна порака дека медресата обезбедува квалитетно образование и на тој начин ги привлекува младите луѓе да се запишат Караџоз-бе медресата.

Ученичката на генерацијата, која се здоби со титулата на Хафиз Ајла Типура од Мостар, со гордост истакнува дека за три години успеа да го научи Куранот.

“Ова е голем успех и голем придонес во нашето училиште како и општеството. Јас сум среќна и горда сум на студентите на една од најстарите образовни институции во Херцеговина”, вели Типура.

Патот до успехот, беше многу тежок, но со упорност и истрајност во работата сите можат да успеат. Желбата да се здобие со знаењето за хафиз, и се појавило во 2015 година за време на месец Рамазан, што била дополнителна мотивација за постигнување на нејзината цел, надополни таа.

Ученик на генерација е, студентот  Мирнес Максумиќ од Коњиц, кој следејќи ја својата цел и вредната работа во текот на школувањето, а дипломата и стекнатото знаење најдобра награда која ја добил.

“Ова е голем свечен момент, кога сме сите во исто време тажни и радосни и тажни затоа што ја напуштаме генерацијата и медресата, која не научи толку многу работи, но во исто време ние сме среќни затоа што ставаме крај на нашето средно образование и продолжуваме на патот на вистината”, рече Максумиќ.

Ади Муласановиќ од Јање, кој се одвоио од своите родители да се школува во Мостар, денес е посебно емотивен бидејќи, откако стекна голем број на пријателства, го напушта градот.

“Медресата е една од најдобрите школи, за стекнување пријателства, за растење, т.е. сами да се изградуваме како личност. По тоа, оваа медреза е најдобра. Тоа го претпоставував и поради тоа дојдов во Мостар, се одвоив од своите родители, бидејќи планирам да се запишам на факултет во Сарајево, и тоа ќе ми дојде добро и тоа како, бидејќи се навикнав. Денес е денот на завршувањето и многу ни е тешко да се разделам од сите добри пријатели, кои ги запознав во Мостар. Тешко ќе ми е после заминувањето од Мостар“, рече Муласановиќ

Mahir Demişoski