Турција: Напад врз опозицискиот лидер Киличдароглу за време на погребна церемонија

0
109

Група демонстранти физички го нападнаа лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, а на местото на нападот интервенираа турските безбедносни сили.

(Дубаи – Портал) –  Група демонстранти физички го нападнаа лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, а на местото на нападот интервенираа турските безбедносни сили, јавува Anadolu Agency (AA).

Киличдароглу, во Анкара, во подрачјето Џубук, присуствуваше на погребот на загинатиот турски војник, а група присутни протестираа и го нападнаа додека го напушташе собирот.

„Шехидите не умираат, татковината не се дели, проклета нека е ПКК”, извикуваа демонстрантите кои го нападна Киличдароглу.

На неодамнешните локални избори во Турција што се одржаа на 31 март, Демократската народна партија (HDP), која е тесно поврзана со терористичката организација ПКК, во западните турски градови ги поддржа кандидатите за градоначланик на Републиканската народна партија.

Терористите на ПКК речиси 4 децении спроведуваат терористички напади врз цивилното население и војската на Република Турција.

Припадниците на турските безбедносни сили физички го заштитија Киличдароглу и низ масата демонстранти го евакуираа во станбена куќа во близина.

Кабинетот на гувернерот на Анкара соопшти дека е покрената истрага против одговорните за настанатиот инцидент.

Обвинителството во Анкара покрена истрага за физичкиот напад врз Киличдароглу. Државниот обвинител Јуксел Коџаман за АА изјави дека истрагата за нападот е покрената и дека ќе биде испитано дали станува збор за проактивен напад или случајот е поврзан со тероризмот.

Министерот за правда на Република Турција Абдулхамит Ѓул најостро го осуди нападот врз Киличдароглу.

„Го осудуваме свирепиот напад врз Кемал Киличдароглу и упатувам порака на солидарност. На ниту еден облик на насилство не смееме да му дозволиме да ја засени демократијата”, порача Ѓул.

Нападот го осуди и гласноговорникот на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) Омер Челик.

„Ги осудуваме сите облици на насилство. На почитуваниот Киличдаролгу му упатуваме порака на солидарност. Никој нема право да излегува од рамките на законот. Насилството не мпже да биде начин на искажување на протест. Одговорните ќе бидат процесуирани”, порача Челик.

Објектот го посети и турскиот министер Хулуси Акар кој ги повика собраните да се оддалечат од објектот.

Според последните информации, лидерот на Републиканска народна партија, Киличдароглу, со оклопно возило на турските сили и во придружба на министерот Акар е евакуиран од објектот.

Mahir Demişoski