(Дубаи – Портал) – Масовниот штрајк со глад што го водеа палестинските затвореници поради влошените услови во израелските затвори, е прекинат денес, откако нивните барања ги исполни израелската затворска служба.
Околу 400 палестински затвореници започнаа масовен штрајк со глад во вторникот минатата недела, по неуспехот на разговорите со затворските служби во Израел (ИПС) поради влошената ситуација во израелскиот затвор. Затворениците планираа да го ескалираат својот штрајк една недела подоцна, воздржувајќи се од вода за пиење, ако израелските власти не ги прифатат нивните барања.
Крајот на штрајкот дојде по интензивните преговори меѓу водачите на штрајкот, вклучувајќи ги и претставниците на палестинските фракции во затворот и ИПС
Во соопштението објавено синоќа во корист на движењето на затворениците, заедничкиот Комитет на затвореници за исламски и национални фракции, изјави: “Движењето на затворениците потврди дека постигнат е договор со израелската затворска служба со кој се отстрануваат електронските уреди за блокирање на сигнал и им се дозволува да имаат фиксни линии во затвор за да бидат во контакт со своите семејства “.
На прес-конференција, исто така, се потврди дека израелските окупациски власти се согласија да ги сменат мерките што ги презеле во февруари, во кои беа вклучени и инсталациите на уредите за задржување на сигналот, за кои рече дека затворениците предизвикуваат сериозни главоболки.
Израелските власти, исто така, се согласија да ги ослободат затворениците кои се наоѓаат во самица, дозволувајќи им да им се придружат на преостанатите затвореници во нивните ќелии.
Според политичкиот аналитичар Аднан Абу Амер: “За прв пат во израелските затвори, Израел се согласи да инсталира телефонски говорници во ќелиите на затворениците”.
Гласноговорникот на канцеларијата за информации на затворениците, Али Алмограби изјави: “Ова е нова победа за движењето на затворениците, тие ги принудија израелските власти да се согласат со нивните барања по само една недела од спроведувањето”.
Mahir Demişoski










