Јилдирим ја напушта функцијата претседател на парламентот заради кандидатурата на градоначалник на Истанбул

0
324

Актуелниот претседател на турскиот парламент, Бинали Јилдирим, соопшти дека ќе ја напушти функцијата на 18 февруари, бидејќи е кандидат за градоначалник на Истанбул на претстојните избори во таа земја, објави агенцијата Анадолу.

Јилдирим за приватната телевизија “Turkish TV” рекол дека ќе ја напушти функцијата претседател на турскиот парламент, откако официјално ќе се номинира за изборите за градоначалник на Истанбул кои ќе се оддржат на 31 март.

“За мене, позицијата претседател на парламентот завршува на 18-ти февруари”, рекол Јилдирим.

Поранешниот премиер и актуелен претседател на турскиот парламент Бинали Јилдирим беше претставен во декември минатата година во Истанбул како кандидат на Партијата за правда и развој (АК партија) за градоначалникот на Истанбул на претстојните локални избори во таа земја, кои ќе се одржи на 31 март 2019 година.

Јилдирим потоа посочи во краткиот говор дека партијата АК работеше напорно во претходниот период за да го подобри квалитетот на животот на граѓаните на Истанбул и исто така наброја многу реализирани проекти во овој град.

“Во нашиот парламент, претставници на различни партии и политички партии се обврзани, но јас бев претседател на секоја од нив таму, и тука ќе бидам и градоначалник на секој жител на Истанбул”, истакнал Јилдирим.