Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција ќе продолжи да се солидаризира со Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е со Пакистан денес и утре, како што беше и вчера, и ќе продолжи да биде така“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со пакистанскиот премиер, Имран Кан, во претседателскиот комплекс во Анкара.
Ердоган, исто така, изјави дека пакистанските браќа на Турција исто така силно се солидаризираат со Анкара. Ердоган го поздрави прогласувањето на ФЕТО за терористичка организација од Врховниот суд на Пакистан.
„Многу сме задоволни поради фактот што Врховниот суд на Пакистан го прогласи ФЕТО за терористичка организација, а исто така и поради тоа што образовните установи поврзани со ФЕТО во оваа земја се предадени во надлежност на фондацијата Маариф”, порача Ердоган.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200. Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.
– Ќе се одржи трилатерален состанок меѓу Турција, Пакистан и Авганистан во Истанбул –
Ердоган, исто така, најави дека во Истанбул, по локалните избори на 31 март во Турција, ќе се одржи трилатерален состанок меѓу Турција, Пакистан и Авганистан. Претседателот исто така ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Пакистан.
Пакистанскиот премиер Кан изјави дека Пакистан сака да ги подигне билатералните односи со Турција на повисоко ниво.
Премиерот, исто така, изјави дека отсега Пакистан и Турција ќе бидат многу поблиски. Кан додаде дека се надева оти трилатералниот самит ќе придонесе за мирот во соседен Авганистан.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, укажа на важноста на односите меѓу Пакистан и Турција, и рече дека Пакистан и Турција ќе станат две многу поблиски земји.
Кан истакна дека секогаш постоело љубов и добри односи меѓу Пакистан и Турција, и дека сакаат овие односи да ги доведат до повисоко ниво.
„Во земјата ќе се вратам, знаејќи го следното: Пакистан и Турција ќе станат две многу поблиски земји“, рече Кан.
Кан нагласи дека со една силна делегација ја посетил Турција, со цел да се сретнат со различни инвеститори, и заради зајакнување на односите меѓу двете земји.
Како што рече Кан, на средбите разговарале за борбата против тероризмот, како и за Авганистан.
„Народот на Авганистан над 30 години трпи мизерија. Меѓународната заедница, како и сите што сакаат да донесат мир, треба да помогнат таму“, истакна Кан.
Кан нагласи дека Пакистан веќе вложува напори за дијалог меѓу Талибанците и американската страна, но, според него, и другите соседи треба да направат чекори во таа насока.
„Сметам дека самитот (Пакистан – Авганистан – Турција), кој ќе се одржи во Истанбул, ќе даде придонес за мирот во Авганистан. Како Пакистан и Турција, сметам дека овој состанок ќе биде од помош за мировниот процес“, додаде пакистанскиот премиер Кан.










