Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на посетата на Венецуела рече дека Анкара и Каракас вложуваат значителни напори за зајакнување на соработката во сите области, јави агенцијата Анадолу (АА).
![]()
“Имаме добри врски во однос на пријателството и солидарноста меѓу нашите земји, имаме силен потенцијал во контекст на економските односи што ги имаме со Венецуела. Ќе вложиме дополнителни напори за диверзификација и продлабочување на нашата соработка со Венецуела во сите области, и двете наши земји ќе имаат корист од тоа, Ердоган во своето обраќање пред турско-венецуелскиот форум во Каракас, на кој присуствуваше претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
Тој истакна дека географската оддалеченост меѓу Турција и Венецуела не треба да се смета за пречка за зајакнување на нивните билатерални врски и соработка.
Тој додаде дека трговијата меѓу двете земји надмина една милијарда долари во првите девет месеци од 2018 година.
“Треба да го зголемиме извозот на Турција во Венецуела и ние треба да ја направиме нашата трговија постабилна и одржлива”, изјавил турскиот претседател во обраќањето пред присутните.
Тој истакна дека турската економија се покажала силна, како кажал и покрај, одредени напади и притисоци.
Мадуро ги повика двете земји да ги зајакнат економските врски, да создадат доополнителна вредност и да ги зголемат взаемните инвестиции.
Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган пристигна доцна во официјална посета на Венецуела за време на турнејата низ Латинска Америка.










