Екстремистите на ’Исламската држава’ се согласија да го напуштат последниот дел од Дамаск што го контролираат, објавија сириските државни медиуми.

Како што е наведено, со ова е отворен патот за силите на сириската влада да ја преземат контролата врз целиот главен град и околните области за прв пат од 2011 година.

Капитулацијата на припадниците на ’ИД’ во Дамаск беше проследена со еднонеделна офанзива од страна на владините сили во две области во Дамаск, Хаџар ал-Авад, контролирани од Исламската држава и палестинскиот камп Јармук.

Владините сили ги бомбардирале овие две области со поширок напад на артилеријата.

Агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР предупреди дека насилството претставува закана за 12.000 палестински бегалци во Сирија.

Станува збор за Палестинци кои дошле во Сирија по 1948 година и нивните потомци.

На борците кои се бореле против сириската влада, им била дадена можност да се помират со сириската влада или со автобуси да бидат пренесени на територијата на ’Исламската држава’ во пустината во источниот дел на Сирија, објави државната агенција САНА. Не е објавено кога ќе започне нивниот пренос.

Опозиционата сириска опсерваторија за човекови права објави дека е “релативно мирна” во овие две области во Дамаск по објавата дека е постигнат договор.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here