Израелската војска соопшти дека соборила ирански дрон, кој влегол во земјата, и дека гаѓале ирански цели во Сирија, кои гио лансирале, јавуваат агенциите.

Фото:Трага од сириска ракета истрелана на израелски авион

Во соопштението се наведува дека израелски авиони се соочиле со силна проти-воздушна одбрана од Сирија, која ги принудила изралески израелски пилоти да го напуштат авионот Ф-16, кој се срушил на северот на Израел.

Се додава дека пилотите се повредени и евакуирани во болница, пренесува Тањуг.

На северот на Израел се огласиле сирени како резултат на сирискиот напад.

Извори од Дамаск потврдуваат дека имало жртви меѓу сириските сили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here