Најмалку едно лице било убиено, а две биле повредени во експлозијата на бомба на просторот на Сириската северозападна провинција Идлиб, а цел на нападот бил конвој на турската војска.
Турската војска го потврди нападот, наведувајќи истиот бил изведен од страна на курдските милитанти. се потврдува дека еден цивилен работник бил убиен во напад со експлозивна направа претходно, додека еден војник и еден цивил биле ранети.
Се наведува дека конвојот влегол во Идлиб за да учествува во процесот на одржување на де-ескалација на зоната врз основа на договор постигнат со Русија.
Очигледно е дека Курдите се подготвени да го возвратат ударот на турската војска во поширокиот простор уште откако се најдоа на мета на турскиот напад врз Африн.
Потсетиме, досега, во повеќе наврати рекетирани се турски погранични населби и градови но далеку е поголем бројот на жртви на страната на Курдите.
Извор:Advance









