Иран планира да создаде своја, целосно локално контролирана верзија на Интернет наречена “Халал нет” како би одржал строга контрола над протокот на информации во јавноста.
Ова се случува во време кога оваа азиска земја се приближува кон одбележувањето на 40-годишнината од Исламската револуција, со која на власт дојде нејзината теократска влада, пишува Independent.
Во текот на изминатите четири години, властите поттикнаа широка употреба на Интернетот меѓу Иранците, надевајќи се дека ќе ги придобијат придобивките од модерната економија.
Сепак, како резултат на тоа, речиси половина од населението во нивните џебови имат “орудие” кое државата се обидува да ги ограничи – паметните телефони.
За паметните телефони се вели дека помогнале да се шират протестите што избувнаа низ Иран оваа година.
Истражувањата покажаа дека во 2014 година два милиони Иранци имаа еден паметен телефон, а се проценува дека овој број сега е зголемен на 48 милиони.
Извор:RSA









