Dubai News Portal
  • Почетна
  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Блиски Исток и Регион
    • Локално
    • Од нашиов крај
  • Настрана….
    • Анализа
    • Настрана….
    • Издвоено
  • Наша Колумна
    • Колумна на Шериф Ајрадиноски
    • Колумна на др.Оливер Бојчески
    • Колумна на Д-р Мухамед Шемоски
  • ДТВ-DTV
  • Наше интервју
Наше интервју

Интервју со Адем Ајдароски “За и околу Подгорци, и како до подобра...

12/08/2026 0 comments

Каде исчезнува водата, ако Земјата е сина планета?

10/08/2026 0 comments

Со поднесена оставка Башким Адемоски повеќе не e член на Месна Самоуправа...

09/08/2026 0 comments

Напуштете го Блискиот Исток, им порача Иран на странските сили

09/08/2026 0 comments

Малезија заплени товар наменет за Израел, и најави строги казни

09/08/2026 0 comments
Свет

Зеленски: 50.000 севернокорејски војници на пат кон Русија

09/08/2026 0 comments

6-ти Традиционален турнир во Мал фудбал Боровец 2026

09/08/2026 0 comments

Зад познатите разгледници: приказната за истанбулските мачки

08/08/2026 0 comments

Фотографијата ги открива израелските злосторства над Палестинците

08/08/2026 0 comments

Насилството на Западниот Брег ескалира, нападнати и медицински лица

08/08/2026 0 comments
Home Македонија
Category:

Македонија

МакедонијаХроника

Тешка сообраќајка кај Желино

by Administrator 21/10/2021
written by Administrator

Првичните, неофицијални информации се дека има најмалку една жртва.

Пред влезот во Тетово, поточно во Желино во близина на патарината, денеска се случила тешка сообраќајна несреќа, јавува Алсат-М.

Сообраќајка пред Tетово, има и жртви! - Канал 5

Првичните, неофицијални информации се дека има најмалку една жртва.

Детали се очекуваат во текот на денот.

Nova Tv

21/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Прекршочни пријави за лажно повикување полиција – казни од 100 до 400 еврa

by Administrator 21/10/2021
written by Administrator

СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на интервенција од полицијата. За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвика излегување на служебно лице на државен орган или јавна служба.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на Л.Н.(52) од Пробиштип која времено престојувала во Тетово и на тетовката Џ.Р.(47) им изготви соодветни поднесоци по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што во текот на овој месец двете пријавиле физички напади и побарале полициска интервенција, а потоа се предомислиле и не го потврдиле пријавеното, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето се бележат вкупно 204 реални нарушувања на јавниот ред и мир, односно прекршоци. Во овие нарушувања биле инволвирани 279 сторители, а најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Најмногу од прекршоците за кои се изготвени и барања за поведување на прекршочни постапки се случиле во град, најчесто со поединечно учество на сторителите, од кои во овој период дури најмногу биле мажи. Најголемиот број од сторителите се на возраст над 25 години. Меѓу евидентираните прекршоци повторно најбројни се физичките напади 82 се случиле на тетовското подрачке, потоа тепачките, дрско и непристојно однесување, исто така, навредување и омаловажување на службено лице или државен орган и така натаму, посочува Јосифоски.

Во периодот за кој станува збор, регистрирани се два прекршоци во и околу училишта и три на спортски натпревари, додека не се бележи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир со меѓуетнички предзнак.

Nova Tv

21/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Промена на собранискиот состав по локалните избори, пратеници станаа Ковачки, Спасова и Коцевски

by Administrator 21/10/2021
written by Administrator

Локалните избори донесоа промена во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг и ќе бидат градоначалници. Во трката за градоначалничката фукција во вториот изборен круг се уште тројца пратеници.

Промени ќе претрпат пратеничките групи на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалник на Струмица станува Костадин Костадинов, еден од најактивните пратеници и портпарол на СДСМ, кој беше и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, едно од клучните собраниски тела. Костадинов беше еден од пратениците на СДСМ кои најчесто ги пренесуваше ставовите на пратеничката група во собраниската прес-сала и истовремено на пленарните седници. На негово место во собраниското столче треба да седне Љубица Спасова, со реден број 12 на листата на партијата на минатите парламентарни избори.

Во првиот круг од изборите во скопската општина Аеродром победи Тимчо Муцунски, кој исто така важеше за еден од поактивните пратеници, кој истовремено беше и претседател на Комисијата за финансирање и буџет. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица беше на осмото место.

Дарко Костовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Бутел и на негово место доаѓа Зоран Коцевски, кој на листата за пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.

Драган Ковачки од листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица доаѓа на местото на новиот градоначалник на Штип Иван Јорданов.

Во вториот круг на локалните избори за градоначалничка фуниција се борат уште тројца актуелни пратеници Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Биљал Касами од Беса во Тетово и Коле Чаракчиев од СДСМ во Радовиш.

Пецаков исто така е еден од поактивните пратеници во ВМРО-ДПМНЕ, а доколку лидерот на Беса Касами победи во Тетово против кандидатката на ДУИ Теута Арифи, СДСМ ќе има уште еден пратеник во Собранието. И Беса и ДУИ се владини коалициски партнери на СДСМ.

Nova Tv

21/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
МакедонијаСвет

35 Авганистанци го напуштија Скопје и заминаа за Грција

by Administrator 21/10/2021
written by Administrator

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште.

Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Nova Tv

21/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

ССМ бара зголемување на платите за да нема осиромашување на работникот

by Administrator 21/10/2021
written by Administrator

Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните.

– Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, а во таа насока ја разбираме и изјавата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 проценти од просечната плата со што би се оствариле заложбите на синдикатот и барањата на работниците, велат од ССМ.
Во следниот период, според ССМ, треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.
Пресметките на ССМ покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август изнесувале 34.342 денари што значи дека потребни се отприлика две минимални плати за да се покријат основните месечни потреби.


Nova Tv
21/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

ЗНМ: Претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска поднесе две претставки за попречување на работата на новинарката Ферикан Илјази Арифи од Еуроњуз до Државната изборна комисија (ДИК) како и до Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР). Претставките се однесуваат за непрофесионален однос на претставници на изборната комисија бр.1974 и на полициски службеник кон колешката Арифи на изборниот ден додека таа била службено да известува за новинарскиот процес.

Иако новинарката уредно се претставила и носела ознака за новинар на видливо место, претседателката на изборниот одбор Исније Мирта во гласачкото место во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово не и дозволила да снима а притоа со останатите колеги од одборот пред гласачи ја омаловажувала новинарката велејќи и „ не го знаеш законот и треба да ти е срам што го попречуваш изборниот процес“.

Друг инцидент се случил во текот на денот повторно во Тетово во двор на средното училиште каде службено лице од МВР, за кое е веќе поднесена и пријава до СВР Тетово и Одделот за професионални стандарди, наместо да ја овозможи новинарката слободно да работи ја попречувал нејзината работа.

Во моментот кога новинарката го почнувала видео преносот во живо во училишниот двор, полицискиот службеник со груб тон инсистирал новинарката веднаш да му приложи лична карта за да докаже дека таа е новинарката кој што е наведена на беџот или во спротивно нема да и биде дозволено да снима. Новинарката иако му укажала на полицаецот дека не се противи на неговото барање за легитимирање и го замолила да и’ дозволи да го заврши она што го започнала, по што ќе се легитимира тоа не и било дозволено. Полицискиот службеник на груб начин и укажал да го напушти училишниот двор, со што ја спречил во нејзината работа како новинар да известува од терен.

ЗНМ со внимателност ќе ги следи претставките за овој случај до надлежните институции како и за сите останати кои пристигнаа до Канцеларијата на ЗНМ а се поврзани со попречување на работата на новинарите од изборниот процес за локалните избори за 2021 година.


Tv „21“

20/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Заев: „Нашите поддржувачи одлучуваат слободно за кого ќе гласаат“

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Нашите поддржувачи одлучуваат слободно. Никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има контрола врз нив, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали се договориле со владините партнери ДУИ и БЕСА кого ќе поддржат во вториот круг на локалните избори.

„Тука се поставува и уште едно прашање: Што правиме во Долнени или Чашка, Арачиново. Кога како коалициски партнери имаме два кандидати, нормално нашите поддржувачи одлучуваат слободно. За поддржувачите, рековме и во недела вечерта, дека никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има конторла врз нив“, рече Заев на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Тој додаде дека гласачите можат да ги привлечат со нивната програма или нивните кандидати, и врз основа на тоа да го бараат нивниот глас и нивната поддршка.

Заев посочи и дека инструкции можат да дадат само на нивните членови, но не и на симпатизери.

„Ние на нашите членови можеме да дадеме инструкции, на нашите активисти, тие што се определиле за СДСМ и кои во наше име ја презентираат нашата програма пред другите и бараат поддршка. Нашите симпатизери сами се определуваат на изборите“, рече Заев.

Прашан за поддршката за вториот круг од локалните избори 2021 од претседателот на ЛДП, Горан Милевски, Заев рече дека се владини партнери. Слободата и демократијата, како што рече, им даде право и самостојно да настапат, да се здружат еве две партии, имаме поединци од „Шарена револуција“, независни граѓани кои настапија на изборите.

„Тоа е убавината. Вредностите во кои веруваме се нешто кое не држи заедно и ќе не држи. Тие вредности денеска беа афирмирани од сите коалициски партнери“, изјави Заев.

Тој смета дека е понижување кон секој граѓанин кој дал свој глас и ќе се препознае „во повикот на Заев, Милевски или Ахмети, сега да му се каже за кого да гласа“.

„Секој граѓанин има свој интегритет и секој граѓанин знае што е најдобро, не само за себе, за својата општина, за својата земја. И апсолутно повикот за вредности во кој сите веруваме е своевиден повик до сите граѓани да се определат онака како што мислат и да се борат за својата земја, да се борат за својата општина. Четири години зависи од личностите што ги бираат, но сега, во првиот и во вториот круг зависи токму од граѓаните и од никој друг“, нагласи Заев.


 „Nova“ Тв

20/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Јаќимоски: „Алијанса на Албанците со поддршка за Александар Јовановски за вториот круг од локалните избори“

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Oд Алијансатa за Албанците денеска е добиена информација дека во вториот круг нивните членови ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, со што ќе го испочитува прелиминарниот договор за поддршка на кандидатите од двете партии во повеќе општини од западниот дел на земјава.

„Покрај нашиот дополнителен ангажман во наредните десетина дена, пристигна информација дека Алијансата за Албанците во вториот круг од локалните избори ќе го подржи нашиот кандидат Александар Јовановски. Покрај поддршката што ќе следи од оваа партија, нашите заложби во наредните денови ќе бидат насочени кон зголемување на излезноста на членови на партијата и граѓани на општина Кичево, што ќе придонесе нашиот кандидат со реални шанси за победа да влезе во вториот круг“, истакна Лазе Јаќимоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.

Тој додаде дека во претстојниот период ќе продолжат предизборните активности, ќе бидат посетени домовите на добар дел сограѓани, ќе се поразговара со нив и ќе се слушнат нивните размислувања и барања.

„За да ги зголемиме шансите за победа, неопходно е излезноста на граѓаните да порасне за 10 до 20 отсто, споредено со првиот круг. Со зголемената излезност и со посетата од куќа на куќа, очекуваме да ги претвориме во реални шансите за успех во вториот изборен круг. Нашиот кандидат го очекуваат интензивни активности до денот кога се одлучува кој ќе бидат татко на општината во наредните четири години“, додаде Јаќимоски.


„MIA“

20/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Касами во Тетово? – Мицкоски: „Одлуките ќе бидат донесени во сабота“

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Доколку Алијанса за Албанците и Алтернатива останат поделени во одлуката за поддршка на Биљал Касами за градоначалник на Тетово, како во тој случај ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ, партија со која коалицијата АА-ААА имаат договор за соработка? Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, не открива ништо однапред. Вели дека в сабота ќе одлучат во однос на давање поддршка на другите политички партии.

И Куманово во вториот круг ќе има двајца кандидати, Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски како независен кандидат. Со оглед на тоа дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски не помина во вториот круг, дали може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Димитриевски, кој некогаш беше дел од СДСМ?

На прашањето дали очекува поддршка од коалиција АА-ААА во Кичево за кандидатот Александар Јовановски, Мицкоски одговори дека сѐ уште немаат разговарано за ова прашање. Инаку, Јовановски во вториот круг во Кичево ќе се соочи со Фатмир Дехари од ДУИ.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=e13136G_Ib0[/embedyt]


Tv „21“

20/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Таравари: „Ќе го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево“

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Наш политички противник е ДУИ, а секој кандидат кој не е од ДУИ треба да биде поддржан од албанската опозиција, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за порталот „Tetova sot“.

Таравари најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

„Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок“, изјавил Таравари.

„Покрај нашиот дополнителен ангажман во наредните десетина дена, пристигна информација дека Алијансата за Албанците во вториот круг од локалните избори ќе го подржи нашиот кандидат Александар Јовановски. Покрај поддршката што ќе следи од оваа партија, нашите заложби во наредните денови ќе бидат насочени кон зголемување на излезноста на членови на партијата и граѓани на општина Кичево, што ќе придонесе нашиот кандидат со реални шанси за победа да влезе во вториот круг, истакна Лазе Јаќимоски“, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.


„Denesen – Tetova sot“
20/10/2021 0 comments 0 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Newer Posts
Older Posts

Преведи:

  • Интервју со Адем Ајдароски “За и околу Подгорци, и како до подобра инфраструкатура“
  • Каде исчезнува водата, ако Земјата е сина планета?
  • Со поднесена оставка Башким Адемоски повеќе не e член на Месна Самоуправа Подгорци.
  • Напуштете го Блискиот Исток, им порача Иран на странските сили
  • Малезија заплени товар наменет за Израел, и најави строги казни
  • Facebook
  • Twitter

@2021 - All Right Reserved. Designed and Developed by PenciDesign


Back To Top
Dubai News Portal
  • Почетна
  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Блиски Исток и Регион
    • Локално
    • Од нашиов крај
  • Настрана….
    • Анализа
    • Настрана….
    • Издвоено
  • Наша Колумна
    • Колумна на Шериф Ајрадиноски
    • Колумна на др.Оливер Бојчески
    • Колумна на Д-р Мухамед Шемоски
  • ДТВ-DTV
  • Наше интервју