Висок претставник на Емиратите ги поздрави посетите на Ердоган на ОАЕ и Саудиска Арабија

0
129

ИСТАНБУЛ (АА) – Советникот за дипломатија на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги нарече „позитивен чекор за регионот“ неодамнешните посети на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на ОАЕ и Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Посетите на претседателот Ердоган на ОАЕ и братската Саудиска Арабија, и прифаќањето на пристапот за поблиски односи е позитивен чекор за целиот регион“, напиша Анвар Гаргаш на Твитер.

Високиот претставник на Емиратите повика на градење доверба меѓу земјите од регионот „со цел решавање на проблемите и заедничка работа кон заемна стабилност и просперитет“.

Вчера, претседателот Ердоган ја заврши дводневната посета на Саудиска Арабија на покана на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал Сауд.

Во февруари, Ердоган ги посети и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за прв пат по 10 години.


Anadolu Agency