Во авганистанската провинција Хелманд во градот Гиришк извршен е напад со возило бомба, во кој животот го загубија 6 полицајци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Исмаил Ехпилвак, шеф на полицијата на Гиришк, за медиумите изјави дека цел на нападот со возило бомба била полициската станица во центарот на градот.
Ехпилвак инфорираше дека во нападот животот го загубиле 6 полицајци.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.









