Словенечката јавност и левичарските организации вознемирени се заради најавата на утрешниот собир на ултранационалистичката, неофашистичка италијанска партија Каза паунд во Трст, а словенечкиот премиер Марјан Шарец се огласил и за настанот.
“Фашизмот беше олицетворение на злото, а денес не смее да ужива поддршка”, изјавил Марјан Шарец во пораката за социјалните мрежи.
Шарец додаде дека западните делови на Словенија и словенечкото малцинство во Трст долго време страдале под фашизмот и дека настапот на десничарите во тој град го сметаат за ставање на сол на раната, објави Хина.
Словенечките медиуми наведуваат дека во Трст, во сабота можно е да се соберат во дефиле на градот околу пет илјади поддржувачи на десничарски и неофашисти од цела Италија.
Здружението на словенечки културни здруженија во Трст, најголемата организација на словенечкото малцинство во Италија, објави дека нејзините членови ќе се приклучат на собирот на левичарите кои ќе одржат контра митинг против собирот на неофашисти.
Извор:cdm










