Францускиот претседател Емануел Макрон, по состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Париз, изјави дека преместувањето на Американската амбасада во Тел Авив во Ерусалим предизвикало насилство и не му помогнало на мировниот процес.
“Ако такво нешто води до смрт на луѓето, ова не е радосна вест за мене”, изјавил Макрон на прес-конференцијата во вторникот, додавајќи дека Париз ќе помогне во решавањето на хуманитарната криза во Газа.
Тој истакна дека на израелскиот премиер ми пренесол дека Франција сé уште го поддржува постоечкиот нуклеарен договор со Иран.
– Како што тврдат нашите европски сојузници, ние треба да бидеме посветени на нуклеарниот договор со Иран за контрола на програмата за балистички ракети – рекол Макрон.
Сепак, тој додал дека договорот со Иран не е доволен и дека по 2025 година ќе биде потребно “дополнително да се работи на него”.
Тој истакна дека Ерусалим е главен град на двете земји, додавајќи дека е многу важно ова прашање да биде интегрален дел од преговорите меѓу двете страни.
– Особено ја осудувам секоја форма на насилство што се спроведуваше против цивилите во Газа во последниве недели – изјавил Макрон, известува ТРТ.
Тој истакна дека сегашната соработка меѓу Франција и Израел ќе продолжи.
Нетанјаху истакнал дека “радикалните верници” се најголем проблем за демократијата, додавајќи дека во тој поглед е неопходно да се наметнат построги санкции за Иран.
“Од претседателот Макрон побарав да се повлече од нуклеарниот договор со Иран”,изјавил Нетанјаху нагласувајќи дека е време договорот со Техеран на крај да се поништи.
Тој истакнал дека за Израел е многу важно Иран да не поседува нуклеарно оружје.
Извор: Фена









